18 Декември, 2025
0.0637

ЕВЕ КАКО МОЖЕ ДА ГИ НАМАЛИТЕ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА: Ќе трошите и до шест пати помалку енергија!

Објавено во: Економија 16 Мај, 2023 10:44

Добивај вести на Viber

Енергетските експерти од соседството со детален и конкретен водич за рационално користење и заштеда на енергијата. Апелираат да се променат навиките, и укажуваат дека промените нема да ни чинат ништо. Советите се насочени пред се кон правилен избор при купување опрема за домот, и притоа укажуваат да се внимава големината да одговара на бројот на членовите на домаќинството, фреквенцијата на користење и класата на енергетска ефикасност.

- Уредите од класа А трошат и до 45 отсто помалку струја од старите - посочуваат енергетичарите.

Исто така, бидејќи две третини од енергијата на домаќинствата се користат за греење, наведува дека добро изолирана куќа со квалитетни прозорци троши и до шест пати помалку енергија.

Еден од советите кои привлекоа внимание е изборот на печки за греење, при што енергетичарите велат дека новите трошат до 90 отсто гориво, додека старите околу 50 отсто, објавува „Курир.рс“.

Се препорачува и поставување на термостатски вентили на радијаторите, собни термостати и регулација на бојлерот, што може да ја намали потрошувачката и до една петтина.

Исто така, се препорачува да се вградат изолациони ленти и да не се покрива радијаторот со мебел. Напоменуваат дека секој степен на пониска температура во станот значи заштеда на шест отсто од енергијата.

Кога се зборува за болјерите, препораките се да тој да биде со соодветна големина и да го поставите што е можно поблиску до точката на потрошувачка. За да заштедите пари, бојлерот треба да се одржува на температура меѓу 50 и 60 степени, а да се вклучува ноќе кога струјата е четири пати поевтина.

Тие наведуваат и дека машините за миење садови трошат значително помалку топла вода отколку при перење на рака. Препорачуваат малите апарати за домаќинство да работат што е можно помалку во режим на подготвеност, бидејќи на овој начин трошат до една петтина од енергијата.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа