ЕВЕ КАКО НЕКОГАШ СЕ ОДЕШЕ НА МОРЕ ВО ГРЦИЈА: Со часови се чекаше за виза, лежалки немаше а за таму се купуваа драхми
Објавено во: Балкан 15 Септември, 2024 10:40
На фејесбук групата „Никана.гр“, објавен е многу интересен текст. Авторот на текстот со име Драгомир Томиќ, се врати во минатиот век, објаснувајќи како се одеше некогаш на море во Грција.
„Дали вие помладите знаете како беше да се оди во Грција пред 35 години... некаде во 1986 година?
1. Прво вадевме визи
2. Потоа бркавме бонови за гориво
3. Патување со автомобил само до Ниш, па хорор
4 Имаше 50 километри автопат низ Македонија
5. Евзони чекањето е задолжително неколку часа
6. Купувавме драхми (за помладите, пред € Грците имаа свои пари)
7. Лежалки не постоеја
8. На газдата му носам ракија, иако прв пат го гледам
9. Газдата секој ден купуваше лубеница и не викаше да јадеме
10. Правеше гибаница со фета (не е добро)
11. Пивото се пиеше само од стаклени шишиња
12. Се мачкавме со нивеа и маслиново масло
13. Имавме купаќи како долен веш со името спидо
15. Одевме со Opel рекорд од 1982 година, трошевме 12 литри гориво без клима
16. Ниту еден од становите немаше клима или ТВ
17. Постелнината се менуваше кога ќе дојдевме дома
18. Добро се сеќавам, плативме 250 марки за 2 соби за 10 дена
Не прашувајте како бевме... супер си поминавме!
Знаеш како најдовме сместување? Грците ни мафтаа кога ни ги гледаа регистарските таблички, ниту ние, ниту тие не знаевме англиски... А сместувањето го договоривме со молив на лист... и секогаш плаќавме кога заминувавме.
И да, Грците возеа поголеми руини од нас...
Смешно им е на овие помлади.....“, пишува во текстот.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




