19 Декември, 2025
0.0585

ЕВЕ КАКО ОРБАН ЌЕ ЈА ПЛАТИ ПОСЕТАТА НА РУСИЈА И КИНА: Ќе остане ли Унгарија без право на глас?

Објавено во: Свет 16 Јули, 2024 15:05

Добивај вести на Viber

Членови на Европскиот парламент побараа да и се одземе правото на глас на Унгарија во ЕУ поради патувањата на премиерот на таа држава во Русија и Кина, објави „Политико“.

Во писмото добиено од уредниците на публикацијата, 63 европратеници им се обраќаат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Во него тие пишуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „веќе нанел значителна штета користејќи и злоупотребувајќи ја улогата на претседавањето со ЕУ“.

Унгарија го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ од Белгија на 1 јули. Оттогаш, Орбан презема соло „мировни мисии“ во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон и, без да биде овластен да го стори тоа, тврди дека ја претставува ЕУ.

МИА

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела