ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ
Објавено во: Економија 24 Април, 2024 07:40
Еден од најпопуларните синџири маркети кои се застапени во секоја земја, наскоро ќе почне да работи и во Македонија. За „Лидл“ постојано се пишува, а македонските граѓани честопати заминуваат во соседните земји за да пазарат од овој маркет.
Честопати се пишува и за ниските цени, за проширувањата, меѓутоа речиси никаде не се пишува за тоа каков работодавач е, односно каков е односот кон работниците.
„Фактор“ направи истражување на искуствата на работниците кои ги објавуваат онлајн на познатите интернет страни каде се споделуваат „rivews“.
Генерално, најчестата оценка како работодавач која ја добива „Лидл“ е висока четворка.
Работниците генерално се задоволни од вработувањето и од платите но и од односот на менаџерите кон нив. За некои работата е тешка и велат дека не се пронашле во неа, меѓутоа генерално, најголемиот дел вработени го препорачуваат синџирот маркети како солиден работодавач.
Брзорастечка кариера, успех и напредок се дел од искуствата на работниците.
Што се однесува до платите, работниците велат дека се држат некаде околу и нешто над просекот.
Сите искуства за работењето во „Лидл“ се однесуваат на маркетите во САД, Ирска и Велика Британија.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




