09 Октомври, 2024
0.0274

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА: Можно ли е да е човечка грешка?

Објавено во: Свет 04 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Јапонските власти соопштија дека патничкиот авион кој два дена претходно се судри со авион на крајбрежната стража на аеродромот во Токио бил пуштен да слета.

Сепак, како што соопштија, помалиот авион не добил зелено светло за полетување.

Тоа беше објавено врз основа на снимките од контролата на летање.

Сите 379 патници на Ербас А350 успеале да побегнат од запалениот авион без поголеми повреди, но пет патници во авионот на крајбрежната стража Де Хавиланд Даш-8 загинале, а преживеал само капетанот кој се здобил со тешки повреди.

Пожарот на Ербасот бил изгаснат за осум часа по падот.

Јапонскиот одбор за безбедност на транспортот (JTSB), владината агенција одговорна за големи авионски, бродски и железнички несреќи, почна да ги истражува јагленосаните остатоци, објави вчера јапонската новинска агенција Кјодо. Со оглед на тоа дека истрагата штотуку започна, се уште не е познато како двата авиони завршиле на иста писта.

Човечка грешка?

Експертите тврдат дека ваква несреќа се случува само во случај на повеќекратни безбедносни дефекти. Сепак, комуникациите на контролата на летање покажаа дека патничкиот авион бил пуштен да слета, додека авионот на крајбрежната стража бил пуштен за такси до точка за застанување во близина на пистата. Според JTSB, авионот на крајбрежната стража не добил дозвола да полета.

Во меѓувреме, токиската полиција спроведува посебна истрага за да утврди дали професионалното невнимание било причина за смртта и повредите на патниците. Инаку, претходните паралелни истраги на воздухопловните власти и полицијата доведоа до големи тензии.

„Постои голема веројатност дека се работи за човечка грешка“, рече истражителот на воздушни несреќи Хиројуки Кобајаши, поранешен пилот на JAL.

„Авионските несреќи ретко се случуваат поради само еден проблем, така што мислам дека имало повеќе фактори кои придонеле за таа несреќа“, рече Кобајаши.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална