ЕВЕ НА КОЈ БРОЈ МОЖЕ ДА ПРИЈАВИТЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО: Бројот в недела ќе биде во функција
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2025 12:55
Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.
Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје
Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 и уште 20 автобуси ќе имаме до Нова година
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца одат во притвор
ВЕАПОСКА СТРАВУВА ДЕКА СЛУЧАЈОТ ЌЕ ЗАСТАРИ: Најави протести и очекува поддршка од народот
Радовишанка е обвинета лажно за пријавување бомба во основно училиште
Љупчо Николовски: Под ризик се 100 милиони евра од ИПАРД по вчерашното апсење
ОД ДРАЧЕВО ДО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗА 13 МИНУТИ - од следна година мај или јуни стартува „Градскиот воз“





