19 Декември, 2025
0.1159

Еве решение ако купувачите ви доцнат со плаќање

Објавено во: Економија 21 Мај, 2013 13:23

Добивај вести на Viber

Вашите купувачи доцнат со плаќањето на своите обврски? Можеби факторинг е решение за вас? Во време на глобална стопанска криза се зголемија приходите на пазарот на факторинг од причии што речиси секој претприемач се сретнал со континуираниот проблем со наплата на побарувањата од купувачите. Користењето на факторинг се покажало како многу корисна алатка во решавање на проблемите на наплата на побарувањата и одржување на ликвидноста на фирмите.

Факторингот ни овозможува да го забрзаме приливот на пари и претставува еден од современите облици на краткотрајно финансирање. Со примена на фгакторинг побарувањето (со одреден надомест) добивате ликвидни средства. Факторингот е карактеризиран со широка применливост и куси рокови на реализација, односно обезбедување ликвидност. Предмет на факторингот се главно побарувања од купувачи за испорачани добра и извршени услуги. Таквите побарувања претставуваат краткотраен, но неликвиден имот.

Претприемачите најчесто се одлучуваат да користат факторинг поради потребата за итни ликвидни средства. Факторинг здружение ги исплатува договорениот износ (по правило над 70 отсто) побарувања во моментот на откуп. Втора причина за користење на факторинг е неможноста за наплата на одредено побарување. Во тој случај побарувањата се продаваат со дисконт на тој претприемач кој има можност за наплата на откупеното побарување по директен или индиректен пат (компензација, асигнација и сл.). Услугата факторинг ја нудат речиси сите банки во Хрватска, но и приватни здруженија специјализирани за факторинг. Факторинг е можно да се реализира во два основни облици:

Целосен (вистински) факторинг кај кој врз основа на склучениот договор факторот на себе го презема целокупниот ризик за наплата на побарувањето па побарувањето од должникот на клиентот го наплатува во свое име и за своја сметка.

Нецелосниот факторинг или факторинг со отштета кај кој факторот на себе не го презема ризикот на наплата туку го врши во свое име, но за сметка на клиентот.

Во пракса се присутни разни варијанти на факторинг односи, најчесто во случај на единствени деловни односи и процеси на пазарот. На пример, такви се извозните дејности како и разни нестандардизирани испораки на производи и услуги.

Кај целосниот (вистински) факторинг можно е да се договори отшетната клаузула. Во случај на договор на отштетна клаузула Здружението фактор во трошоците мора да ја смета можноста за ненаплата на откупеното побарување. Од наведеното произлегува дека надоместот за договарање на факторинг без отшетна клаузула во правило е поголем отколку кај договарање со отшетна клаузула. Од друга страна, ако факторинг здружението (кај факторинг со отштетна клаузула) не успее да го наплати побарувањето од должникот, има право (ако е така договорено со договорот) да го надомести побарувањето од продавачот на истото.

Кај нецелосниот облик на факторинг, факторот на себе го презема само тековното финансирање и управувањето со побарувањата додека целокупниот ризик за наплата и понатаму го сноси клиентот.

Постапката на факторинг се одвива во две фази. На оригиналниот должник се испраќа обавестување дека е должен да плати на факторот, па потоа побарувањето формално се пренесува на факторот.

Даночен третман на факторинг

Отстапувањето (преносот) на побарувањето не се смета со испораката, па со самото тоа не се даночи со додадена вредност. Сите останати трошоци поврзани со факторинг (надомест, провизија, дисконт) кои преземачот на долгот (факторот) ги пресметува, подлежат на данок на додадена вредност.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар