Еве што носат новите измени во патниот сообраќај!
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2013 14:18
Предлог законот за договори во патниот сообраќај денеска го помина првото читање во матичната собраниска Комисија за транспорт, врски и екологија.
Законот предвидува доколку дојде до прекин на патувањето во рок од 60 минути да биде обезбедено ново возило со кое ќе се превезат патниците до бараната дестинација. Се воведува и нова одредба со која патникот има право да побара оштета заради загубеното време која би била во висина од двојна вредност од средствата што се уплатени за превозот. Во случај кога превозникот нема да го изврши превозот во точно определеното време, автобуската станица, која го организира превозот, ќе биде должна да обезбеди превоз на патниците, а потоа од превозникот да бара надомест на штета.
Од сега во договорите за превоз задолжително ќе биде воведена одредба за рок на исплата на надоместот за превоз, односно во групни патувања рокот за плаќање не може да биде подолг од 60 дена, а кај единечниот превоз исплатата не може да биде подолга од 30 дена. Секој договор што нема да ја има оваа одредба ќе се смета за ништовен.
Со законските одредби се регулира и превозот на багажот на патниците, односно бесплатно ќе се превезува багаж до 25 килограми по патник, а доколку патникот сака да превезе повеќе багаж во меѓуопштинскиот сообраќај ќе треба да плаќа по 10 денари за секоја торба, а во меѓународниот сообраќај дополнителниот багаж ќе биде превезен доколку патникот уплати 10 проценти од цената на патниот билет за секоја торба. Во однос на загубениот багаж доколку на патникот не му бидат вратени торбите во рок од 30 дена ќе му биде исплатена оштета во висина од 9.000 денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





