11 Април, 2025
0.0351

ЕВЕ ЗОШТО НЕ ПРОБАВМЕ ЈАГНЕШКО И КАДЕ ОТИДОА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА - се гоштевале Хрватите, „Кланица со ладилник“ извезе за 2,6 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Јули, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Извештаите на домашните компании секогаш се интересно четиво за бизнис заедницата, но и за поширокото граѓанство. Како работеле фирмите, какви биле условите за работа, каде згрешиле, дали и како можеле да направат повеќе...

Акционерското друштво Кланица со ладилник од Струмица го објави шестмесечниот извештај за своето работење, а од него можат да се откријат интересни податоци.

Она што генерално може да се извлече како заклучок е дека во првото полугодие од годинава компанијата остварила многу помала добивка од истиот период лани, а главната причина за тоа е не дека лошо работела или дека имала намалени приходи, туку дека позначајно се зголемиле расходите во нејзиното работење.

Или, оваа компанија периодот од јануари заклучно со август го завршила со чиста добивка од само 65 илјади евра, наспроти истиот период лани кога профитпот изнесувал 319 илјади евра.  Што значи дека добивката е намалена за цели 80 проценти.

Да го погледнеме Билансот на успех зошто е тоа така.

Приходите од продажбата се одлични и изнесуваат 3,73 милиони евра за само шест месеци. И, во однос на истиот период лани се зголемени за 14 процети.

И, ако малку, сосема малку затаиле приходите од продажба на домашниот пазар, затоа пак оние од продажбата во странство се и тоа како зголемени.

Односно, на домашниот пазар се извршени услуги за колење на стока и продажба на месо за сума од 1,1 милиони евра, што е одлична сума, но во однос на истиот период лани има само мало снижување за 7 проценти.

Но, затоа, пак, „цветаат“ приходите од продажба на странскиот пазар. Тие на компанијата и донеле 2,63 милиони евра, што во однос на истиот период лани е зголемување за дури 25 проценти.

А, од компанијата во своето образложение на финансискиот успех многу јасно кажуваат на чии странски трпези завршиле домашните јагниња.

„АД Кланица со ладилник Струмица изврши извоз на свежо јагне во Хрватска, вложи во осовременување на деловниот простор во кругот на кланицата за конфекционирање и пакување на месо, како посовремен начин на продажба на месо“, се вели во објавата од компанијата.

Или всушност, на оваа компанија најголемиот дел од приходите, или речиси сите, и се од извоз на јагне, и тие се на сума од 2,63 милиони евра.

Па од ова произлегува дека не е ни чудно што во земјава тешко се доаѓаше до јагнешко месо за Велигденските празници, а да не зборуваме за неговата цена која беше екстремно висока. А, одговорот се крие во тоа што најголем дел од јагнињата биле извесени во странство, или поточно во Хрватска.

Но, компанијата направила и прилично големи трошоци, односно трошоците на продадените производи и услуги изнесуваат 3,67 милиони евра, што, пак, доведе до толку ниска добивка на ова акционерско друштво за првите шест месеци од годинава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЗАТВОРА ДВЕ ФАБРИКИ - засегнати околу 500 вработени, дел од производството го селат во соседни земји

ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЗАТВОРА ДВЕ ФАБРИКИ - засегнати околу 500 вработени, дел од производството го селат во соседни земји

ТРАМП СТОПИРАШЕ, ПА ЕУ СТОПИРАШЕ: Нема царини во следните 90 дена

ТРАМП СТОПИРАШЕ, ПА ЕУ СТОПИРАШЕ: Нема царини во следните 90 дена

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО - еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО - еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

ЕВРОПСКИОТ УДАР СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ: Еве колку ќе плаќа американската економија на европските контра-мерки

ЕВРОПСКИОТ УДАР СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ: Еве колку ќе плаќа американската економија на европските контра-мерки

„ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп

„ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп

Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка

Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка

КОЛАПС ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Заробени илјадници возила во американските пристаништа

КОЛАПС ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Заробени илјадници возила во американските пристаништа

ДОМАТИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ НОСАТ ДОБАР ЌАР, 2025 ИМ ТРГНА ОДЛИЧНО НА „ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ“ - но, прашањето е како ќе заврши годината

ДОМАТИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ НОСАТ ДОБАР ЌАР, 2025 ИМ ТРГНА ОДЛИЧНО НА „ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ“ - но, прашањето е како ќе заврши годината