ЕВН Електродистрибуција ќе инсталира смарт броила, но во наредните десетина години
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2025 13:38
Со стапувањето на сила на Законот за енергетика во наредните дест години ЕВН Електродистрибуција, како оператор на дистрибутивната енергетска мрежа, ќе треба да инсталира насекаде нови паметни броила кои месечно и прецизно ќе ја отчитуваат потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи.
Директорот на ЕВН Електродистрибуција ,Сашо Салтировски, вели дека за тоа ќе бидат потребно време, бидејќи инвестицијата е голема,аресурсите во смисла на кадар и други капацитети се ограничени за тоа да се изведе за побрзо време.
Според Салтировски, добро е тоа што во последно време цените за купување на овие паметни струјомери е намалена на 50-60 евра, а треба да се купат околу 900.000 такви во наредните гдоини.
- Овие паметни броила кои отчитуваат далечински се комплицирана технологија, така што тие не можат да се заменат за само една година. Прво ќе треба да се направи студија па да се прејде на расправа за избор на моделот на инсталирање, а дури птооа да се распише тендер за нивно купување, рече Салтировски.
Првиот човек на Електродистрибуција рече дека за околу седум години ќе се инсталираат околу 80 отсто од овие струјомери, а за десетина години ќе биде стоотстотна реализацијата. Поради постепеното инсталирање, како што вели Салтировски, трошоците од набавките нема одеднаш да се почувствуваат по џебот на граѓаните.
Во меѓувреме најавите се дека од јулските сметки за струја домаќинствата ќе имаат увид колку од потрошеното им е прочитано, а колку од око пресметано. Оваа новина се воведува откако зимава ескалираа проблемите со паушалните фактури. Ова во моментов е една од опциите со која граѓаните би требало да добијат појасна слика како се мери струјата која ја потрошиле во месецот, додека да се инсталираат паметни броила за кои ќе биде потребно 10 години. До тогаш Електродистрибуција ќе продолжи да ги чита, но упатство ќе добијат и граѓаните.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




