05 Декември, 2025
0.0520

ЕВН ќе ги учи потрошувачите на енергетска ефикасност

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2012 15:34

Добивај вести на Viber

Министерството за економија и ЕВН Македонија започнува со реализација на платформа за енергетска ефикасност со која се очекува зголемување на свеста кај потрошувачите и поголема примена на енергетската ефикасност во домаќинствата и реалниот сектор. Платформата опфаќа емитување на емисии за едукација на потрошувачите, обезбедување на техничка помош за малите и средни претпријатија преку организирање на обуки за примена на енергетската ефикасност, како и организирање на трибини на кои меѓу другото би се разгледале и можностите за финансирање на проекти за енергетска ефикасност. - Фактите покажуваат дека со примена на принципите на енергетска ефикасност во градба се заштедува и до 30 проценти на годишни ниво. Годишната заштеда за домаќинствата е околу 1.000 евра, а во реалниот сектор заштедата на годишно ниво би била од неколку 100 илјади евра. На тој начин, компаниите ќе ја подобрат конкурентноста, продуктивноста и ефикасноста што е огромно значење во услови на криза, истакна денеска на прес-конференција министерот за економија Ваљон Сарачини.

Според него, со намалувањето на потрошувачката на електрична енергија граѓаните и компаниите ќе имаат заштеди во своите буџети, а од друга страна тоа би придонело и државата да биде помалку извозно зависна. Потрошувачката на енергија во регионот е зголемена во споредба со количината на произведена енергија. Ова особено се однесува на Македонија. Според претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст, ова укажува дека треба да се работи на промена на навиките на потрошувачите и на начинот на кој се користи енергијата во процесот на производство.

- Огромното зголемување на потрошувачката се рефлектира и на целокупниот енергетски систем. Енергетската ефикасност често се разбира како исклучување на електричните уреди во домот или канцеларијата, но тоа го правиме само тогаш кога тие уреди не ни требаат. Всушност, енергетската ефикасност значи добивање на ист ефект, односно живеење и работење со ист квалитет, но со помала потрошувачка на енергија, нагласи Хенгст. Министерството за економија има изработено и Стратегија и акциски план за енергетска ефикасност согласно кои доколку се преземат сите мерки и активности до 2018 година треба да се вложат околу 400 милиони евра, а заштедата би била околу 850 до 900 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања