20 Декември, 2025
0.0508

ЕВН ќе ја води имплементацијата на енергетскиот менаџмент во компаниите

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017 15:51

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија партнер на компании во воедувањето систем за управување со енергија и на стандардот ИСО 50001 

Воведувањето на систем за управување со енергија и имплементација на стандарот ИСО 50001 во компаниите беше главна тема на работилницата која се одржа во Стопанската комора на Македонија. На работилницата учествуваа 11 компании од Македонија, селектирани клиенти на ЕВН Македонија, со просечна потрошувачка од 3 GWh годишно. 

Работилницата е дел од проектот„Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии” кој што се спроведува од страна на РЕЦ Канцеларија во Македонија, а со финансиска поддршка од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и контрибуција обезбедена од страна на UNIDO, РЕЦ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, USAID и Македонската банка за поддршка на развојот. 

ЕВН Македонија учествува во втората фаза на програмата за спроведување систем за управување со енергија со цел имплементација на стандардот ИСО 50001 во компанијата, а ќе обезбеди и помош на свои клиенти што ќе изразат интерес. Главната цел е ЕВН Македонија да продолжи со имлементирање на програмата во улога на репликатор и по завршувањето на проектот, со цел македонските компании да добијат соодветна експертиза од оваа област која во крајна линија ќе значи подобрување на нивната конкурентнсот и ќе ја зголеми енергетската ефикасност во сите нивоа од работењето на компаниите. 

„Наша цел е да бидеме партнер на компаниите во воведувањето напредни технологии и стнадарди што ќе значи посилни компании кои ќе креираат развој во општеството“, истакна Штефан Петер,претседател на Бордот на директори на ЕВН Македонија. 

Учесниците на работилницата ги претставија своите компании и изразија интерес за вклучување во програма за градење на капацитетите за примена на системот за управување со енергија. На работилницата се дискутираа модалитети за техничка помош на избраните клиенти на ЕВН Македонија. 

Во следниот период ќе се остварат поединечни средби со менаџментот на компаниите со цел да се дефинираат следни чекори за можно приклучување во програмата за репликација на проектот за воведување систем за управување со енергија според стандардот ИСО 50001.

Во рамките на работилницата свое обраќање имаа и Билјана Пеева – Ѓуриќ, директорка на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Република Македонија, и Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија. 

Ана Петровска од РЕЦ Македонија и национален раководител на проектот, го претстави проектот за поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија.  По воведните излагања, тројца национални консултанти за енергетска ефикасност, кои беа сертифицирани во рамки на проектот, ги претставија досегашните резултатите од спроведувањето на проектот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии