06 Декември, 2025
0.0321

(ФОТО) ЕВН Македонија ја одбележа Европската недела на одржлива енергија во Македонија

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2014 17:46

Добивај вести на Viber

Под мотото „Заемна енергија- одржливо партнерство“ ЕВН ја одбележа Европската недела на одржлива енергија во Македонија. Со континуирани инвестиции во изградба на нова и обнова на постојната дистрибутивна мрежа и едукација на потрошувачите, ЕВН во Македонија дава сериозен придонес за создавање на стабилен енергетски систем и одржлива енергија, пренесувајќи ги искуствата и стандардите на ЕВН групацијата во овој сегмент.

Настанот се одржа на хидроцентралата Матка која е една од најстарите во земјава. Со дополнителни инвестиции на ЕВН, оваа хидроцентрала  има зголемено производство од 4,2 MW на 9,7 MW. Оваа хидроцентрала која годишно произведува околу 30 GW/h  и од неа се снабдуваат над 5000 домаќинства.

 „Имајќи предвид дека одржливата енергија е основа за развој, ЕВН инвестираше  околу 230 милиони евра во изградба на нова дистрибутивна мрежа и реконструкција на постојната. Како што рековме минатата година, ЕВН ќе продолжи да инвестира во дистрибутивната мрежа и со тоа да го подобрува квалитетот на сснабдувањето“, изјави Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН.

Освен дистрибутивниот систем во Р. Македонија, „ЕВН“ управува и со 11 мали хидроцентрали, меѓу кои и хидроцентралата Матка. Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија во семејството на „ЕВН“ е и новата компанија „ЕВН Снабдување“ која има најголем удел од над 70% на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија.

„ Стабилен систем и одржлива енергија се два концепта кои што се од голема важност за компаниите особено на отворен пазар. Во вакви услови од клучно значење е доверлив и стабилен партнер кој ќе понуди добра поддршка и најдобри услови. Компаниите тоа го препознаа во нас и ние и во следниот период ќе имаме најдобра понуда за одржлив бизнис, особено во следната фаза од процесот на либерализација “, истакна Нико Берберу, менаџер на ЕВН Снабдување.

Од септември годинава околу над 67.000 потрошувачи ќе можат да изберат свој снабдувач на електрична енергија.

Европската недела на одржлива енергија за прв пат почна да се одржува во 2006 година на иницијатива на Европската комисија. Оттогаш, во рамките на Европската недела на одржлива енергија се одржуваат настани, конференции и манифестации посветени на концептот на одржлива енергија, како и натпревар на проекти од оваа област. Оваа година Европската недела на одржлива енергија се одржува од 23-27 јуни.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија