ЕВН Македонија ќе го реконструира доводниот тунел во Хидроелектричната централа „Пена“
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2013
Доводниот тунел во Хидроелектричната централа „Пена“ ЕВН Македонија ќе го реконструира од 22 јули до 15 август 2013 година. Целокупниот дотек на водата од реката Пена ќе се испушта преку преливниот орган во природното речно корито, во согласност со сите законски и еколошки мерки.
„Локалното население треба внимателно и со избегнување на можни опасни ситуации да го користи потегот на природното течение на реката за нивните потреби. Иако не се очекува зголемување на нивото на водостојот на реката Пена сепак движењата и активностите на граѓаните на овој потег треба да бидат ограничени“, велат од ЕВН Македонија.
Санацијата на 25 години стариот доводен тунел на ХЕЦ „Пена" е инвестициски проект на ЕВН Македонија со кој ќе се зголемат квалитетното и континуираното производство и снабдувањето на локалното население со електрична енергија.