Евробарометар: Македонските граѓани за одмор ја бираат Грција, сакаат море и уживање!
Објавено во: Економија 06 Март, 2013 21:09
47 проценти од Македонците што лани заминале на годишен одмор, тоа го сториле во некоја од 27-те земји-членки на ЕУ, 44 проценти тоа го сториле во некое од македонските туристички центри, а 35 проценти во земји надвор од Унијата. Покрај тоа што 22 отсто од нив својот одмор го минале во Грција, само еден процент биле во Хрватска, 3% во Шпанија, Франција и Австрија, 4% во Италија и осум проценти во Германија.
Во однос на нивните планови за годишниот одмор за оваа година, македонските испитаници одговориле дека само 13 проценти ќе ја посетат Грција, пет отсто ќе одат во Германија, четири проценти во Австрија, Италија и Хрватска, по два проценти по Шпанија и Франција и повторно никој е планриа да замине во Велика Британија. Инаку, околу 58 проценти од Македонците патувале минатата година, а 39 отсто не заминале никаде. Само 2% од наши граѓани заминале на одмор во посета на град, додека 47 проценти заминале на годишен одмор за да уживаат и да се сончаат на плажа, а 34 проценти за да посетат пријатели или роднини.Македонија е прва и по тоа што дури 30 проценти туристи од нашата земја на лице место го наоѓаат местото за годишен одмор, наместо да ангажираат туристички агенции или тоа да го прават преку интернет.
За тоа дали економската ситуација ќе влијае на нивните планови за годишниот одмор за оваа година, 31 процент од македонските испитаници одговориле потврдно, со тоа што ќе заминат на одмор, но ќе потрошат помалку пари, а 21 процент дека поради тоа годинава нема да одат никаде.
Според Евробарометарот, еве кои ќе бидат најпосетувани држави за годишен одмор од жителите од Унијата
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




