Добивај вести на Viber
Одложувањето на Евро-обврзницата предизвика бројни и бурни рекации во јавноста. Дел од јавните личности сметаат дека ваквиот исход е позитивен за економската иднина на Македонија, додека во дел од коментарите се вели операцијата е одложена но не и запрена
“Фактор“ пренесува коментари од социјалните мрежи и реакции на дел од помалите партии:
Љупчо Зиков, новинар – аналитичар
Одложувањето, односно пропаднатиот обид за издавање на Евро-обврзница предизвика реакции и кај новинарите. На социјалните мрежи Љупчо Зиков напиша:
“Нема ИПА, нема ИПАРД, нема ЕБРД, нема ММФ, а нема ни Светска Банка? И Кинезите се при крај... Од денеска нема ниту Еврообврзница. Сеага од кај за плати и пензии премере? Нели за тоа ни требаа парите ... Излезот? “ - напиша Зиков на својот фејсбук профил.
Владимир Петрески, аналитичар
“Ете, што ти прави политичка криза, ќе те удри од онаа страна од лај што најмалку очекуваш“, напиша на социјалните мрежи аналитичарот Владимир Петрески. Во еден од своите коментари тој вели:
“Ќути барем Сити и Дојче добро ги посоветувале. Малку да се појави сомнение околу било каква правна несигурност, поарно веднаш повлечи се, отколку да се докажуваш. Така е на светските пазари на капитал“.
“Левица“: Тримф на сите кои е бореа против Еврообврзницата!
“Го изразуваме своето огромно задоволство од одложувањето на еврообврзницата! Ова е мал триумф на сите нас кои се боревме против истата!“ - се огласија од Левица и посочија на писмото што и тие ги испратиле на адреса на Ситигруп, Дојче банк, Ерсте груп и Сосиете Женерал. Во писмото меѓу другото се вели:
“Еврообврзницата се издава во време на длабока политичка криза. Во Македонија има антивладини протести скоро секој ден. Опозициските партии го бојкотираат Собранието. Сите овие работи сериозно го доведуваат во прашање легитимитетот на целиот процес.
Одлуката за издавање на еврообврзница може да биде прогласена за нелегална. Не е во согласност со Буџетот за 2016 година, кој специфицира многу помал износ на надворешно задолжување. Не е во согласност ни со договорот за разрешување на политичката криза (Договорот од Пржино), гарантиран од Европската Унија, кој бара специјално одобрување за задолжувања како ова“, посочиле од Левица укажувајќи и дека ззносот на обврзницата е многу висок (7 проценти од македонскиот БДП) а средствата, како што пишува во писмото, ќе бидат кортистени пред се` за клиентелистички потреби, во очи на претстојните избори. Каматната стапка на обврзницата ќе биде релативно висока. Сево ова ќе значи сериозен товар за јавните финансии во годините што следуваат.
НСДМ, Тито Петковски: Светските банки не сакаат криминална власт!
Блокирањето на Еврообврзницата следи непосредно по кратењето на ИПА фондовите од ЕУ и сега на јавноста и стана јасно запшто Зоран Ставрески се повлече од функцијата министер за финансии, вела од НСДП, партијата на Тито Петоковски. Од таму смеаат дека досегашните политички пораки што меѓународната заедница и ги испраќаше на власта сега се заменија со финансиски.
“Одлуката за блокирање на реализацијата на еврообврзницата, со која владата сакаше да ги задолжи граѓаните со нови 650 милиони евра, е јасна порака од светскиот банкарски сектор дека не сака да влегува во било какви финансиски зделки со криминализирана и корумпирана власт, реагира опозицискиот НСДП. Светските банки ја препознаа дијагнозата на екс-министерот за финансии
Зоран Ставрески “ние сме лудаци, трошиме за чоколадо, а немаме за леб“ и им стана јасно дека намерата на злосторничкото здружение предводено од
Никола Груевски е тие пари да ги фрли во бунар – финансирање на клиентилизмот, корумпирање на гласачи, финансирање на непродуктивни проекти наменети за полнење на приватните џебови на својата олигархија“, стои во писмениот став на партијата.
Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања
Покрај Министерството за финансии кое се огласи со официјално соопштение по одложувањето на Еврообврзницата, став даде и вицепремиерот Владимир Пешевски. На официјалната фејсбук страна напиша:
“Голем интерес кај инвеститорите за Еврообрзницата. Инвеститорите искажаа доверба во економските политики на Владата на Република Македонија, а опозицијата со деструктивните потези нанесува штета за репутацијата на државата“
Либерална партија, Ивон Величковски
За поздравување е заедничката оценка на „Сити Банк”, „Дојче Банк” и „Ерсте и Сосиете Женерал” за неприфаќање на Евро-обврзницата од 650 милиони евра, велат од Либералната Партија.
“Сега е јасна и вистинската причина за оставката на Ставрески, кој меѓу штетно задолжување (од 650 милиони евра) и реална проценка (од 270 милиони евра), очигледно застанал зад второто и ја напушти должноста. Државното задолжување и кредитирање е премногу сериозно прашање за да биде препуштено на една или друга партија. Тоа бара анализи и проекции на институции и промислени политики, кои ќе бидат предмет и на оценка од стручната јавност. Низ обидот на Груевски, преку Димитриев и Миновски, за трасирање на обврзницата од 650 милиони евра, гледаме колку е штетно спојувањето на партијата и државата“ , вели Ивон Величковски од ЛП.
Жарко Трајановски, аналитичар, невладин сектор
“Ајмо странски банки, која од вас сака да инвестира во плати, пензии, социјална помош и купување избори во Македонија? Ајмо странски банки, која од вас сака да инвестира во „малиот диктатор“, кој ви ветува дека ќе ви ги врати парите со дебела камата, откако „долгата рака на ВМРО“ повторно ќе бркне во нашите џебови? Ај, да видиме, да сме начисто, кој ја поддржува диктатурата во Македонија“, напиша Трајновски на социјалните мрежи.
Арбен Халили, стопанственик
“Нeреализирањето на Евро-обврзнцата во вкупна вредност од 650 милиони евра, сшречи, барем привремено, уште поголемо задолжување на земјата, а ефектите од враќањето на овие средства ќе беа присутни и кај генерациите после нас. Заради непрецизното познавање на искористеноста на овие средства, беше повеќе од потребно да се направи овој чекор, кој беше пред се како резултат на реакциите на јавноста. Сепак лично сметам а и немаше да ме зачуди фактот ако овој неуспех со Евро-обврзницата, е резултат и на сакциите од ЕУ, односно лобирање на индиректен начин кај финансиските институции за нереализирање на ова Евро-обврзница, иако во јавноста тоа беше наведено како успех од писмото пратено од страна на опозицијата. Секако, тоа што сега може да се очекува после овој чекор, е влошувањето на целокупната социјална состојба во земјата, недостаток на финансиски средства за плати, придонеси и слично но не смееме да заборавиме дека ова состојба е резултат на неспособноста да се менаџира на чесен начин со јавните финансии“