20 Декември, 2025
0.0886

Еврогрупата без решение, но со план за реформи во Грција

Објавено во: Балкан 12 Јули, 2015 18:51

Добивај вести на Viber

Средбата на министрите за финансии на еврогрупата заврши без решение за Грција, што треба да биде донесено на самитот на еврозоната.

Ова го објави претседателот на Еврогрупата и министер за финансии на Холандија Јерун Деиселблум.

„Подготвен е текст со предлог за средбата, останаа неколку нерешени прашања на кои треба да се изјаснат лидерите на земјите од еврозоната“, изјавил тој.

„Идентификациониот план за помош на Грција, е многу амбициозен проект, кој треба да биде потврден на самитот“, истакнал министерот за финансии на Финска Александар Стуб.

Според него, планот за реформи вклучува прво закони кои Грција треба да ги прифати до 14 јули.

На второ место се условите и прелиминарните активности кои Грција треба да ги преземе.

На трето место се усогласени четири насоки за реформи - на пазарот на трудот, пензискиот систем, фискалната политика и данок на додадена вредност.

„Сите тие треба да бидат усвоени од Владата и Парламентот на Грција“, додал Стуб.

Министерот за финансии на Луксембург посочил за возврат дека на масата на преговорите на самитот на еврозоната остануваат и двете варијанти за решение за Грција - како задржување на земјата во еврозоната и обезбедување на помош, така и излез од еврозоната и обврските.

Од проектот на Еврогрупата е укинат предлогот на Германија за привремено излегување на Грција од еврозоната за период од 5 години, пренесе „Франс прес“.

Ако Грција и земјите од еврозоната постигнат договор, тоа ќе им овозможи Атина и нејзините меѓународни кредитори да започнат преговори за трет план за финансиска помош во износ од над 74 милијарди евра за период од три години.

Пред почетокот на средбата на лидерите на земјите од еврозоната, и грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјавиле дека се подготвени на „искрен комромис“, за да се постигне договор со доверителите уште денес.

За возврат германската канцеларка Ангела беше категорична дека нема да има договор по секоја цена. Таа додаде дека претстојат тешки преговори, а Атина веќе ја има изгубено довербата.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација