20 Декември, 2025
0.0443

Еврогрупата го одобри договорот, Грција ќе добие вкупно 86 милијарди евра

Објавено во: Балкан 15 Август, 2015 09:54

Добивај вести на Viber

Грција ќе добие 26 милијарди евра по првата транша од третата спасувачка програма. Тоа го одлучија министрите за финансии од еврозоната, одобрувајќи го договорот со Атина. Дебатите продолжија шест часа, како што е соопштено од грчкото издание "Катимерини" - во исклучително позитивен тон.

13 милијарди евра ќе бидат во Атина уште до 20 август, за да можат властите да ги платат обврските, наведува Ројтерс. До овој датум Грција мора да плати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка (ЕЦБ). Во август и септември властите треба да платат и обврски кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а до октомври и да го обноват мостовиот заем добиен во јули, во вредност 7,16 милијарди евра.

Речиси веднаш ќе бидат преведени и уште 10 милијарди евра за стабилизирање на банкарскиот сектор. Останатите 3 милијарди евра Атина ќе добие некаде во есента.

Вкупниот износ на новиот спасувачки план за нашиот јужен сосед е 86 милијарди евра. Тие ќе и бидат на располагање на Атина во следните три години, но само при исполнување на преземените обврски и ветувања за строги реформи. Првиот преглед како се исполнуваат обврските ќе биде направен до 15 ноември.

Уште остануваат некои детали кои треба да бидат надминати и тоа ќе се случи до вторникот за време на состанокот на Грција со тројката - претставниците на ЕЦБ, ЕК и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Во суштина тие се однесуваат на учеството на Фондот во спасувачката програма, за што инсистираат европските кредитори на Атина. Од ММФ веќе изјавија дека би учествувале само при "сечење" на обврските на Грција по преглед на спроведувањето на програмата во октомври.

Одобрението на оваа програма во грчкиот парламент беше примен од страна на Владата на Алексис Ципрас рано утринава со цената на поддршката на дел од пратениците на СИРИЗА. Така премиерот на нашиот јужен сосед сега се соочува и со предизвикот да ја задржи власта.

Освен од парламентот во Атина договорот треба да добие и "зелено светло" од уште неколку национални парламентот во еврозоната, меѓу кои и германскиот.

Претходно Берлин искажа сомневања во желбата на Грција да ги исполни обврските од договорот и предложи земјата да добие нов мост заем, наместо парите од програмата. Алексис Ципрас, меѓутоа остро се спротивстави на ова барање, со коментари дека неговата земја има го направено се што побарале доверителите од 13 јули. Според него мостов заем само ќе доведе до продлабочување на кризата.

Дури и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле сепак се изрази позитивно за напорите на грчката Влада и уште пред почетокот на средбата коментира дека очекува уште вечерва програмата да биде одобрена.

Во а од поракатЕК по завршувањето на седницата на Еврогрупата претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер коментира дека изминатите шест месеци (од доаѓањето на СИРИЗА на власт во Грција) биле тешки и е тестирано трпението на граѓаните на ЕУ.

"Среќен сум што можам да кажам дека сите земји ги исполнија своите обврски", коментира тој и наведува дека Грција има да извршува амбициозни реформи договорени на 13 јули (по 17-часовни преговори).

Комесарот за прашањата на еврото Валдис Дамбровски пак обрнува внимание дека со одобрение на програмата веќе се отстранува несигурноста не само во Грција, туку и во целата еврозона. "Овој договор ќе создаде нови работни места и ќе го врати економскиот раст", категоричен беше тој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација