Еврогрупата одобри 9,2 милијарди евра помош, Грција ги чека парите
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2013
Доцна синоќа еврогрупата и ја одобри на Грција помошта од 9,2 милијарди евра, откако претходно беше утврдено дека земјата ги исполнила условите за јануари и оти министрите за финансии на еврозоната ќе препорачаат доделување на финансиската помош.
Во изјавата на министрите по синоќешниот состанок се вели дека е донесена реформата на данокот на приход, прилагодени се цените на електричната енергија, како и цената на обновливите извори на енергија, а се поздравува и заложбата на грчката Влада од пролет да го поедностави законот за данокот на доход.
Од 9,2 милијарди евра што ќе ги добие Атина, седум милијарди евра ќе бидат потрошени за трошоците за рекапитализација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.