19 Декември, 2025
0.0446

Еврогрупата пушта мост со кредит од 7 милијарди евра за Грција

Објавено во: Балкан 16 Јули, 2015 19:19

Добивај вести на Viber

Министрите за финансии на еврозоната се согласија да и доделат 7 милијарди евра заем на Грција, објави „Bloomberg“, повикувајќи се на извор запознаен со одлуката.

Заемот ќе биде официјално објавен во петок, откако парламентите на земјите членки ќе гласаат за спасувачкиот пакет кој премиерот на Грција Алексис Ципрас во понеделникот го потпиша, додава изворот, кој побарал анонимност. Тој истакнува дека заемот ќе биде доделен од Европскиот механизам за финансиска стабилност (EFSM) - како што вчера препорача и Европската комисија (ЕК).

Кредитот ќе и помогне на Грција да го отплати долгот од 3,5 милијарди евра кон Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделник и ќе ја подржува Атина, додека Ципрас преговара за деталите од новата тригодишна спасувачка програма во вредност од 86 милијарди евра.

Подоцна веста беше потврдена и од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Тој соопштил за одлуката на членовите на буџетската парламентарна комисија на германскиот Бундестаг.

Земјите во Европската унија (ЕУ), кои се уште не се членови на еврозоната, ќе бидат ослободени од ризиците по овој кредит, како и за гаранциите кои се користат за добивка од трансакции со обврзници на ЕЦБ, појаснил Шојбле.

Неколку минути подоцна и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, исто така потврдил за доделувањето на износот.

Претходно денеска Советот на министрите за финансии од еврозоната даде принципиелна согласност за новата алатка за Грција со рок на акција од три години.

Атина го усвои првиот пакет со четири мерки навреме и „по еден како целина задоволителен начин“, изјавила портпаролката на ЕК за економски прашања Аника Бреидхарт.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен