19 Декември, 2025
0.0384

Еврообрзницата е како „операција успешна, пациент мртов“

Објавено во: Економија 12 Јули, 2016 07:12

Добивај вести на Viber

Износот што Владата планира да го земе преку еврообврзница, е превисок и ќе ја стави Македонија во исклучително тешка ситуација, вели за Фактор, Венко Глигоров, бизнисмени и аналитичар. Според Глигоров,и моментов во кој се наоѓа земјата е неповолен за вакво задолжувањње, затоa што ќе биде скапо. Времето во кое се покренува издавањето на еврообврзницата е многу неповолно за Македонија. Македонија има дефакто техничка влада со многу нови министри и нов министер за финансии и е штетно да се избрзува со вакви клучни одлуки и активности. Со ребалансот на буџетот се зголемува дефицитот, а се алоцираат средства на несуштински трошења кои нема да ги подобрат економските перформанси на Македонија. Наместо да има поширока дебата за буџетот и ревидирање на неговата структура, Владата посегнува по зголемен буџет наспроти намалени проекции на бруто-домашниот производ. Накусо, се зголемува буџетот еднострано и за таквиот буџет се бараат нови пари. Најбитното е тоа што износот е превисок и ќе ја стави Македонија во исклучително тешка ситуација. Се создава привид дека се е законски како во ситуацијата: операцијата е успешна, а пациентот е мртов. Исто така е важно да се истакне дека со Пржинскиот договор кој е верификуван и во собранието, Македонија се обврза да спроведува активности на создавање на услови за кредибилни избори и да работи на отстранување на политичката криза преку реализација на одредбите од извештајот на Прибе. Ниту со буџетот ни со еврообврзницата овие обврски не може да се видат дека ќе се исполнат.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар