ЕВРООБВРЗНИЦА-Јамка околу вратот на Македонија?
Објавено во: Економија 22 Јули, 2016 11:17
Со новата еврообврзница Македонија си стави јамка околу вратот. Вака балканските медиуми го опишаа задолжувањето од 450 милиони евра во еврообврзниа со рок од седум години и камата од 5,625 отсто.
За министерството за финансии овие услови се исклучително поволни со оглед на сложената политичка состојба во земјава.
Опозицјата пак повторно ги предупреди банките, агентите и потенцијалните инвеститори дека издавањето на таа еврообврзница е незаконско и дека ќе биде предмет на оспорување после промената на власта.
СДСМ смета дека новото задолжување ја води економијата во финансиски колапс.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/07/22/evroobvrznitsa-i-se-e-polesno-pochna-izgradba-na-panoramskoto-trkalo-galerija/" target="blank" ] ЕВРООБВРЗНИЦА И СЕ Е ПОЛЕСНО: Почна изградба на Панорамското тркало! (ГАЛЕРИЈА)[/button]
Реакциите различни.
За едни е изненадување, за други не е. Очекувано по одлуката на премиерот и министрите да се задолжат.
Сепак уште пред издавањето на обврзницата многумина порачаа дека клучно ќе биде да се направи строга контрола врз буџетските трошења.
Зошто Владата го смали износот на еврообврзницата и нејзината рочност? По мое мислење, заради целокупната врева која се крена околу еврообврзницата. Со писмата до банките, петициите, протестите, колумните, јавните настапи, и другите форми на притисок против еврообврзницата, можеби не успеавме да ја натераме Владата да се откаже од намерата да издаде еврообврзница, но успеавме да го намалиме нејзиниот износ и рочност, а со тоа и да заштедиме 213 милиони евра. И тоа е нешто“, вели Бранимир Јовановиќ во колумна за Фактор.
Најголем дел од читателите на Фактор сметаат дека Македонија воопшто не треба да се задолжува со нова еврообврзница. Анкетата што ја спроведовме минатата недела покажа дека 70 отсто од анкетираните се против еврообврзница, 12 отсто сметаат дека задолжување е можеби потребно, но во помал износ, а 17 отсто целосно се согласуваат дека е потребно задолжување од 650 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




