19 Декември, 2025
0.0385

ЕВРООБВРЗНИЦА: Кривична против Миноски од СДСМ

Објавено во: Економија 25 Јули, 2016 12:48

Добивај вести на Viber

СДСМ обвинува дека издавањето на евробрзницата е незаконско оти нема правно мислење од Министерството за правда и дека токму затоа ќе поднесат кривични пријави против министерот за финансии, Кирил Миноски.

Опозициската партија тврди дека Миноски ја злоупотребил службената положба

СДСМ обвини дека со издавањето на еврообрзницата е направено кривично дело оти не е побарано правно мислењње од правда. Партијата упати обвинување и до  заменик министерката за правда, Билјана Бришковска која исто така ќе се соочи со кривична пријава. За неа велат дека „неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е договорено 450 милионското финансиско злосторство врз граѓаните“.

Критики од СДСМ се упатени и на адреса на министерот Џафери. Сопартијците на Заев тврдат дека Џафериќе го прекрши Законот за јавен долг доколку ја потпише еврообрзнивцата откако ќе заврши трансакцијата, како што деновиве изјави министерот за финансии Кирил Миноски.

„Џафери молчи и за тоа дали Билјана Бришковска неговата заменичка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ неовластено го претставувала Mинистерството за правда на конференциската врска во понеделникот кога се договараше незаконското задолжување. Џафери мора да има предвид и дека ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра што значи дека во Буџетот не е планирано новото историско финансиско задолжување кон коешто предизборно посегна власта на Груевски, а Ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија“, посочуваат од СДСМ.

ЕКСПЕРТИ: На Македонија не и треба еврообврзница од 650 милиони евра. Да се земе еврообврзница со стриктна намена, и во помал износ, не поголем од 300 милиони евра

Но и покрај речиси референдумското НЕ за еврообврзница се покажа дека таа и е најважна на владејачката коалиција. Сепак, не 650 туку 450 милиони евра, предизборно ќе влезат во буџетот и од таму контролата на парите ќе биде тешка. Тоа се огромни пари, кои откако ќе влезат во буџет може да се трошат онака како што сака партијата на власт.

Вкупната општествено-економска цена на издавањето на обврзницата го допира плафонот на издржливоста на македонската економија. Уште една доза на кредити само ќе го одложи отрезнувањето. Нема дилема дека и овие пари ќе се потрошат пребрзо (градежната сезона е во полн ек, социјалните исплати се зголемија за 5%, пензиите нема да се зголемат од септември, засега покачувањето е одложено за ноември), но враќањето на долгот ќе има економско-социјални реперкусии изјави пред неколку дена Павле Гацов –претседател на здружение на даночни експерти.

А насоките беа да се оди во одложување и барање рационални решенија.

Со оглед на зголемените ризици во економијата, и оттука намалениот економски раст и тенденцијата за негово понатамошно намалување, ова задолжување би било многу скапо. Дополнително, не е позната намената за која ќе се потрошат средствата. Оттука, повлекувањето на еврообврзницата е рационално решение.

Задолжувањето е еден начин да се надминат ликвидносните проблеми. Но, во ситуација кога во континуитет расходите за тековни трошоци (плати, пензии и социјални трансфери) не може да се покријат преку приливите од приходи, постојано задолжување не е оптимално решение. Во таква ситуација, потребно е да се направат структурни промени на расходите и приходите, изјави пред неколу дена Благица Петрески, аналитичар.

Растот на долгот и буџетскиот дефицит е со тренд што не може да биде следен од растот на БДП во земјава. Затоа ова задолжување во ваков обем и со ваква намена (без стриктна намена) треба да биде последна грешка во воедењето на економските политики сметаат експертите.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар