ЕВРООБВРЗНИЦА: СДСМ денес ќе ги поднесе кривичните пријави, ќе има и контра кривични!
Објавено во: Економија 26 Јули, 2016 10:47
Вчера најавија, а денеска опозиционерите ќе ги поднесат кривичните пријави за како што велат незаконското издавање на еврообврзницата .
Кога надлежното Министерство реши да ја издаде новата еврообврзница, опзоицијата прва се јави со реакција, тврдејќи дека таа е издадена без правно мислење од министерот за правда.
Опозициската партија тврди дека Миноски ја злоупотребил службената положба
СДСМ обвини дека со издавањето на еврообрзницата е направено кривично дело оти не е побарано правно мислењње од правда. Партијата упати обвинување и до заменик министерката за правда, Билјана Бришковска која исто така ќе се соочи со кривична пријава. За неа велат дека „неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е договорено 450 милионското финансиско злосторство врз граѓаните“.
Министерството за финансии пак тврди дека нема ништо незаконско во издавањето на еврообврзницата.
Но,од друга страна министерот за правда Владет Џафери тврди дека до сега до него од Министерството за финансии не стигнало никакво барање за правно мислење за еврообрзницата.
„ До овој момент од Министерството за финансии до Министерството за правда нема доставено никако барање за правно мислење за издавањето на еврообврзницата“, вели министерот за правда Владет Џафери.
Експертите тврдат дека на Македонија не и треба еврообврзница од 650 милиони евра.
Вкупната општествено-економска цена на издавањето на обврзницата го допира плафонот на издржливоста на македонската економија. Уште една доза на кредити само ќе го одложи отрезнувањето. Нема дилема дека и овие пари ќе се потрошат пребрзо (градежната сезона е во полн ек, социјалните исплати се зголемија за 5%, пензиите нема да се зголемат од септември, засега покачувањето е одложено за ноември), но враќањето на долгот ќе има економско-социјални реперкусии изјави пред неколку дена Павле Гацов –претседател на здружение на даночни експерти.
А насоките беа да се оди во одложување и барање рационални решенија.
Со оглед на зголемените ризици во економијата, и оттука намалениот економски раст и тенденцијата за негово понатамошно намалување, ова задолжување би било многу скапо. Дополнително, не е позната намената за која ќе се потрошат средствата. Оттука, повлекувањето на еврообврзницата е рационално решение.
Задолжувањето е еден начин да се надминат ликвидносните проблеми. Но, во ситуација кога во континуитет расходите за тековни трошоци (плати, пензии и социјални трансфери) не може да се покријат преку приливите од приходи, постојано задолжување не е оптимално решение. Во таква ситуација, потребно е да се направат структурни промени на расходите и приходите, изјави пред неколу дена Благица Петрески, аналитичар.
Што предвидува Законот за јавен долг?
Според Законот за јавен долг кога се земјата се задолжува на меѓународниот пазар на капитал, министерот за правда издава правно мислење за задолжувањето во странство.
„ Државните хартии од вредност во име на Република Македонија, на меѓународниот финансиски пазар ги издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Владата на Република Македонија, со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност. Министерот за правда издава правно мислење за правната важност на издавањето на хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар“, стои во Законот за јавен долг во член 18 став 5 и 6.
Токму за овој член од Законот реагираше СДСМ дека е прекршен.
Парите легнуваат денеска!
Парите од еврообврзницата во износ од 450 милиони евра денеска треба да стигнат на сметката на Народна Банка. Се очекува министерот за правда, Валдет Џафери, во текот на денот да стави потпис и да издаде согласност за еврообврзницата, иако засега од министерството не ја коментираат ова информација. А токму потписот на министерот за правда Џафери, е најспорниот момент во издавањето на еврообвврзницата, поради што власта и опозицијата се конфронтираат.
И Министерството за финансии најави кривични пријави
„ Со цел да се заштити и угледот на институцијата Министерство за финансии и на земјата, Министерството ќе поднесе соодветни тужби до сите инволвирани страни кои со клевета придонесоа за нарушување на меѓународниот углед финансии. Согласно кривичниот законик, потсетуваме дека кривична пријава може да се поднесе и за лажно пријавување на кривични дела“ – велат од Министерството за финансии.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




