19 Декември, 2025
0.0548

ЕВРООБВРЗНИЦАТА е издадена без правно мислење?

Објавено во: Економија 23 Јули, 2016 13:06

Добивај вести на Viber

Опозициската партија денеска обвинува дека еврообврзницата е издадена без правно мислење.

Имено, партијата на Зоран Заев тврди дека „Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда“.

Министерството за финансии морало да обезбеди претходно потврда за правната важност на еврообврзницата, а од СДСМ велат дека „Миноски вчера самиот призна дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда“.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/07/23/evroobvrznitsa-shto-nauchivme-i-shto-ne-smee-da-se-povtori/" target="blank" ]ЕВРООБВРЗНИЦА: Што научивме и што не смее да се повтори?[/button]

Според допис којшто е испратен од Министерството за финансии, агенцијата Ројтерс и другите медиуми објавија дека издавањето на еврообврзницата е усогласено со Министерството за правда.

„Сега е јасно зошто со денови молчи министерот за правда Валдет Џафери на прашањето дали Министерството за правда издало мислење за правната важност на еврообврзницата.

Го предупредуваме министерот Џафери, дека покрај другите нелегални дејства во моментот на издавање на еврообврзницата, ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра! Ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија. Министерот за правда, Владет Џафери добро нека размисли дали ќе биде соучесник во извршување на ова финансиско злосторство!

Укажуваме дека сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе мора да понесат одговарност“, порачаа од СДСМ.

Што научивме и што не смее да се повтори?

После се што е изнапишано за еврообврзницата станува јасно дека тоа е темата на неделата од седмицата што изминува. Се редеа колумнисти и експерти, професори и аналитичари со свои ставови, зошто не ни е потребна толкава еврообврзница. Што да се направи? Каков да биде компромисот? Од сето тоа можеше да се извлече заклучок. На Македонија не и треба еврообврзница од 650 милиони евра. Да се земе еврообврзница со стриктна намена, и во помал износ, не поголем од 300 милиони евра. Тоа го бараа експертите. Но и покрај речиси референдумското НЕ за еврообврзница се покажа дека таа и е најважна на владејачката коалиција. Сепак, не 650 туку 450 милиони евра, предизборно ќе влезат во буџетот и од таму контролата на парите ќе биде тешка. Тоа се огромни пари, кои откако ќе влезат во буџет може да се трошат онака како што сака партијата на власт.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар