19 Декември, 2025
0.0498

„ЕВРОПА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ТРГОВСКА ВОЈНА СО САД“: Сериозно предупредување од Оли Врен

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2024 08:33

Добивај вести на Viber

 Европа мора да се подготви за нова трговска војна со Соединетите Американски Држави, изјави вчера во Виена претставникот на Европската централна банка (ЕЦБ), Оли Рен.

Според него, трговските тензии меѓу ЕУ и САД почнале да растат за време на првиот претседателски мандат на Трамп, а Европа тогаш имала проблеми да најде заеднички одговор на овој предизвик, пренесува Ројтерс.

„Ако започне трговска војна, Европа не смее да биде неподготвена како што беше во 2018 година“, додаде Рен. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вети големо зголемување на тарифите за намалување на трговскиот дефицит на САД, вклучително и 10 отсто царини за увоз од сите странски земји и 60 отсто царини за стоки од Кина.

Нова трговска војна е последното нешто што ни треба денес, особено меѓу сојузниците, рече Оли Рен, додавајќи дека најавените мерки може да имаат негативно влијание врз светската економија.

Шефот на австриската централна банка и креатор на политиката на ЕЦБ Роберт Холцман се согласи со тврдењата на Рен и додаде дека тарифите на Трамп ќе значат дека каматните стапки и инфлацијата во САД ќе останат високи.

Доколку доларот продолжи да зајакнува и се приближи до паритет со еврото, увозните трошоци на Европската унија ќе се зголемат и ќе го отежнат процесот на намалување на инфлацијата во еврозоната под два отсто, предупреди Холцман, пренесува Танјуг.

Политика.рс

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?