19 Декември, 2025
0.0503

Европа ја чека катастрофа без оглед на исходот на кризата со Грција

Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2015 20:34

Добивај вести на Viber

За решавање на проблемите со грчкиот долг европските власти можат да избираат меѓу три патишта: да направат отстапки на Атина, да инсистираат на своите тврди услови и да дозволат на Грција да ја напушти еврозоната или да се најде компромис меѓу барањата на Грција и нејзините кредитори.

Според колумнистот на Financial Times Гидеон Рахман, секој од овие сценарија ќе имаат ист крај - колапс на еврозоната.

При првата опција ќе биде избришан дел од грчкиот долг и истовремено Атина може да се откаже од реформите. Тогаш властите во Германија, Финска, Франција и Холандија - кои и позајмиле на Грција милијарди евра - ќе мора да му објаснуваат на електоратот дека повеќе нема да ги видат своите пари.

Оваа ситуација, според Гидеон Рахман, ќе резултира на средбите на Унијата со крајните десни, националистите и евроскептиците, во чие присуство ќе се преземат политички одлуки. Тогаш под сомнение ќе се покаже не само иднината на европската валута, но и самото постоење на Унијата.

Според втората опција, по излегувањето на Атина од еврозоната, ЕУ ќе се обиде да ги зајакне интегративните процеси во заедницата, можно е на патот на создавање на банкарска унија. Сепак граѓаните од Северна Европа, виделе како поради банкрот на Грција им испариле парите, едвај ќе сакаат да имаат нешто заедничко со банките на Јужна Европа.

"Политичките резултати од излегувањето на Грција може да стане катастрофа за ЕУ. Хаварисана и дестабилизирана Европа, наоѓајќи се надвор од еврозоната, ќе го задржи присуството во ЕУ барем за некое време. Од овие позиции Атина може да ги блокира со вето политичките иницијативи на ЕУ по низа прашања, вклучувајќи ги и санкциите против Русија.

Опасноста од третото сценарио се заклучува во тоа, пишува Рахман дека големината на грчкиот долг е речиси непомерна. Ако кризата не избувнеше сега, таа нужно ќе експлодираше во иднина. Тешко е да се прогнозира колку ефективни ќе се покажат реформите, земајќи ги предвид проблематичните места во грчкиот систем - клиентелизам и недостаток на компетентност во многу сфери.

"Грчката криза фрли светлина на фактот дека проектот за еврозоната беше осуден од самиот почеток.

Горчливата вистина е дека прифаќајќи проект за единствена европска валута, основачите на Унијата се изложени на опасна територија. Безбедни патишта за повлекување едноставно нема "- резимира аналитичарот.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен