19 Декември, 2025
0.2473

Европа ќе изгуби над 1 милион работни места поради ТПТИ

Објавено во: Економија 30 Април, 2016 19:03

Добивај вести на Viber

Повеќе од 1 милион работни места ќе бидат изгубени во Европа, ако биде потпишанo трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ) помеѓу ЕУ и САД. Ова го изјави Марк Дирн од невладина организација за борба против сиромаштијата, со седиште во Лондон.

Според него истражувањето на ЕК дека договорот би донел во просек 545 евра за секое европско семејство, е нереално.

„Ние сме многу скептични кон резултатите од ова истражување. Ќе цитирам и уште едно, направено по методологијата на ОН. Според него, приходите од извозот ќе се намалат во ЕУ, ќе бидат изгубени работни места, приходите на домаќинствата ќе се намалат, самите европски држави ќе ја намалат трговијата меѓу себе. Сето ова, се разбира, ќе ја разниша финансиската стабилност“, вели Дирн .

Според него договорот ќе удри на бизнисот на многу мали производители, кои не можат да ја издржат конкуренцијата со американските корпорации и ќе го деградира квалитетот на производите што се продаваат во Европа. „На пазарот на трудот - според истражувањето, тоа значи дека во најдобра опција може да се изгубат 680 000 работни места во Европа, а во најлош случај - 1,3 милиони работни места. Официјалниот коментар на Европската комисија е, дека овие загуби можат да бидат апсорбирани од други сектори во економијата. Ова може да звучи многу лесно од гледна точка на статистиката, но како замислувате толку луѓе да ги изгубат своите работни места и да треба да бараат реализација во други сектори? и другото истражување за што ви реков, коментира дека можат да бидат изгубени 600 000 работни места, но нагласува дека тоа ќе биде сериозен удар врз европскиот пазар на трудот“, објасни тој.

Според него ќе настапат сериозни промени во однос на стоките, кои ќе можат да се увезуваат во Европа. Ова сигурно ќе има влијание врз квалитетот на производите и колку тие ќе останат здрави. Покрај тоа, ќе биде нанесен многу тежок удар врз малите производители, кои ќе треба да се натпреваруваат со големите американски корпорации. Тоа е нерамна битка - американските компании имаат евтини енергетски ресурси и многу евтина работна сила.

„Може да дадеме пример и со сферата на културата - музиката, театарот и филмот. Знаете дека Европската комисија дава исклучително многу субвенции за проекти во областа на културата. Ако се потпише трансатлатническиот договор, владите веќе нема да имаат право да ги субвенционираат овие сектори. И како тогаш европскиот филм ќе се натпреварува со целата продукција на Холивуд?“, додаде експертот.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра