05 Декември, 2025
0.0294

Европа на чекор до банкарска унија

Објавено во: Анализа 11 Декември, 2013 08:50

Добивај вести на Viber

Волфганг Шојбле смета дека прашањето ќе биде решено до крајот на годината Европа се повеќе се приближува до банкарска унија, која ќе донесе "вистинска револуција" во финансискиот систем, прогнозира францускиот министер за финансии Пјер Московичи, цитиран од Financial Times. На 19 и 20 декември лидерите на Европската унија ќе се состанат за да донесат одлуки за банкарската унија. Сепак е можно финансиските министри да се состанат и порано за да се испеглаат постојните политички разлики по прашањето. Германскиот министер за финансии Шојбле изјави дека до сега е завршена многу работа во врска со постигнувањето на политички договор за надзор на банките. Тој предвидува дека прашањето ќе биде финализирано до крајот на 2013 година. Пред да се дојде до овој момент, министрите, сепак треба да постигнат согласност во врска со обемот и оперативниот режим на единствениот механизам за спасување на банките, кои се потресени. Идејата е тој да биде пуштен од Европската комисија и освен тоа да функционира истовремено со еден надзорен механизам на Европската централна банка, кој ќе ги следи директно големите банки и индиректно малите. Ова  ќе се случува преку националните институции. Вториот механизам пак  кон кој можат да се приклучуваат и земји надвор од еврозоната ќе почне да функционира на крајот од 2014 година, откако ЕЦБ  ќе изврши увид  на можностите на големите банки и утврди дали се доволно стабилни или имаат потреба од свеж капитал. Германија сепак не се согласува комисијата да има толку големи овластувања. K.K

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени