Европа не и верува на Грција
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2015 12:31
Министрите за финансии од еврозоната не успеаја да се договорат дали да го одобрат новиот спасувачки заем на Грција во замена за реформите кои Атина ги ветува.
Пред средбата неколку министри изразиле скептицизам дека Грција ќе ги исполни ветените реформи. Тековните неколку месеци напнати преговори со Атина за спасувачкиот план сериозно ја прекршија довербата меѓу двете земји.
Министрите за финансии на 19-те членки на еврозоната го завршија својот состанок пред 1 часот ноќеска и ќе се состанат повторно денес во 12 часот. „На средбата беа разгледани проблемите со довербата и се разбира финансиските прашања. Разговорите беа интензивни, но одат тешко“, изјавил претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум.
Денешниот ден е прогласен за краен рок, а попладне лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се состанат за да го одредат идниот курс по грчкиот збор. Повторно се појавија стравувања дека земјата може да биде оставена да банкротира и да испадне од еврозоната.
Излегувањето на Грција од единствениот монетарен блок, попозната како „Grexit“, долго време беше табу тема, но германски весник објави дека оваа опција официјално била согледана од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Тој споделил со другите земји од еврозоната документ, во кој се брани позицијата дека планот за реформите на Грција е несоодветен и опциите пред Атина се или да си ги подобри предлозите, или да ја напушти еврозоната за најмалку пет години, објави весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Предлогот беше усогласен со германската канцеларка Ангела Меркел.
Вкупно 10 земји од еврозоната се скептични кон Грција, која наоѓа на најголема поддршка од Франција.
Министрите ќе имаат денес само неколку часа да постигнат договор, за да можат да и дадат конструктивни предлози на лидерите на 19-те земји членки на еврозоната, кои ќе се состанат ова попладне. Малку потоа ќе биде дадена почеток и на самитот на ЕУ, на која ќе учествуваат лидерите на сите 28 држави во блокот.
„Се надевам дека утре ќе биде постигнат напредок. Остана уште таа надеж“, изјавил пред новинарите еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московичи, цитиран од „Франс прес“.
Очигледно е дека некои европски земји не сакаат да биде постигнат договор, со што Грција ќе биде спасена од банкрот, изјавија извори од грчката влада.
Финскиот министер за финансии Александер Стуб бил повикуван вчера од финскиот парламент да договори излегување на Грција од еврозоната. Фински пратеници и претставници на Министерството за финансии се собраа вчера попладне во Хелсинки да разговараат каков да биде ставот на владата на преговорите во Брисел.
Според извори, цитирани од финската државна телевизија, евроскептичната партија „Финците“ побарала во Хелсинки да се спротивстави на нов план за помош на Грција и да побара излез на Грција од еврозоната.
Втората политичка сила во Финска дури се заканила дека во спротивно ќе ја напушти коалициската влада. Нејзиниот претседател и министер за надворешни работи Тимо Соини повторува со месеци дека Грција ќе си одлучи за економските проблеми само ако ја напушти еврозоната и пристапи кон девалвација на валутата.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




