05 Декември, 2025
0.2951

Европа предупредува, многу спорни делови во владиниот документ за „Јужен тек“

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2013 20:54

Добивај вести на Viber

Европската енергетска заедница изрази загриженост за македонската спогодба за „Јужен тек“. Од СДСМ потсетија дека и тие укажувале на проблематичната спогодба, од Влада пак велат ваквите писма на ЕЕЗ биле вообичаена работа. Во писмото од ЕЕЗ за приклучувањето на Македонија на гасоводот пишува дека договорот не е во согласност со европската регулатива кај делот на распределба на трошоците, во пристапот на трети страни и во делот кој ја утврдува тарифата. Тие дадоа рок до 14 октомври, кога Владата треба да достави објаснувања на спорните точки. Од опозицијата забележаа дека од нивна страна ваквата загриженост беше посочена уште за време на дебатата во Собрание, но парламентарното мнозинство остана глуво, а претседателот Иванов го потпиша указот за оваа ратификација, истакна Јани Макрадули од СДСМ. Денес, потврдата на нашите тези стаса од најкомпетентните, Европската енергетска заедница, додаде пратеникот. „СДСМ бара Владата да го достави на јавноста одговорот до енергетската заедница;Владата веднаш да го објави договорот помеѓу Стројтрансгас и Македонски енергетски ресурси, кој да потсетам, како одговор на мое пратеничко прашање е таен и од доверлив карактер“, забележа Макрадули кој додаде дека ист таков договор после објавувањето во Србија ја покажа целата мрежа на корупција и матни зделки поврзани во процесот на договарање за гасификација. Од СДСМ побараа и претседателот Иванов да се изјасни дали ги земал во предвид сите укажувања на експертите од Европа и домашната јавност пред да го потпише указот, бидејки, според нив, со потпишувањето на указот станува соучесник во оваа контраверзна ратификација. Во изјава за МИА, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев посочува дека Владата го има добиено писмото, ќе го анализира и ќе се произнесе околу сите моменти. „Ваква процедура и комуникација со ЕЕЗ е стандардна и според нашите информации, за оваа тема се реагира со барање за дообјаснување до сите земји низ кои поминува Јужен тек меѓу кои и земји членки на ЕУ. Ние го имаме добиено писмото од ЕЕЗ, го анализираме и ќе се произнесеме околу сите моменти. Договорот што Македонија го има потпишано со Русија за Јужен тек суштински не се разликува од договорите кои ги имаат потпишано и другите земји“, вели Ѓорѓиев.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите