Добивај вести на Viber
Терористичките напади во Париз и растечките закани на џихадистите во Европа ќе ја променат геостратешката и внатрешната политичка ориентација на стариот континент.
Ваква е оценката на учесниците во дискусијата во Виена кои предупредуваат дека не треба да се извлекуваат погрешни пораки од нападот, кој би можело да има последица врз социјалното единство во Европа.
Некогашната шефица на шпанската дипломатија, Ана Паласио, истакнала дека денешниот џихадизам не може да се спореди со тероризмот на Ал Каеда во Мадрид од 2004 година.
„Исламската држава смета дека Шпанија е нејзина територија, но Шпанија е со своите христијанско – еврејски корени е сто процентно европска“, нагласила Паласио.
Таа додала дека, поради бранот могранти во последниве 15 години, од кога во земјата дошле милион мигранти од Мароко, Шпанија мора повеќе да направи за нивната интеграција, пред се во борбата против тероризмот мора да се справи со гетоизацијата на муслиманите.
Поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, смета дека терористичкиот напад во Париз би можел да се случи било каде.
Тој потсетил на атентатот во Мадрид од 2004 година, Лондон 2005, како и спречениот напад на данскиот весник „Jilandsposten“ во 2010 година.
„Либерално отворените општества секогаш ќе бидат во опасност“, смета Билт.
Според него нив им се заканува опасност и од национализам, десничарски екстремизам, или пак верски мотивирана, потенцирајќи притоа на норвешкиот терорист Андерс Брејвик, кој пред три години уби 77 лица, а неговиот мотив беше омраза кон странците.
„Меѓутоа најлошото насилство го прават муслиманите над муслиманите, и тоа не се случува во Европа“, нагласил Белт.
„Тероризмот секогаш предизвикува прекумерни реакции“, укажал бугарскиот политиколог Иван Крастев.
Тој нагласил дека терористичките напади во Париз не смее да се поистоветуваат со „11 септември“ во Европа, бидејќи факторите на двата инцидента се тотално различни.
„Терористичкиот акт го извршија Французи, а не странски терористи самоубијци, како што тоа беше случај со 11 септември 2001 година во САД“, нагласил Крастев.
Времето по нападите за Европа е одлучувачко, смета тој, додавајќи дека сега важно е како ќе се справи со своите реакции кои би можеле да водат кон тоа мигрантите да станат нови непријатели.
Главниот уредник на рускиот магазин „Russia in Global afers“, Фјодор Лукјанов, истакнал дека Русија е добро запозната со проблемите од тероризмот.
Тој истакнал дека покрај официјалните гласови, кои го осудуваат насилството во Париз, има и критики на сметка на Западот.
Според неговите зборови, двојните стандарди на Западот провоцираат спротивни реакции.
Лукјанов додал дека Русија, наспроти масовната имиграција од Централна Азија, се соочува со проблемите на соживотот на различни култури, и дека руското општество нема решение за вака настанатата ситуација.