06 Декември, 2025
0.0256

Европа со 7 препораки за Бугарија: како да се надмине кризата и стимулира растот?

Објавено во: Балкан 30 Мај, 2013 08:14

Добивај вести на Viber

Бугарија треба да го реформираат енергетскиот пазар, образованието и здравството, да ја подобри бизнис климата и да ја забрза апсорпцијата на европските фондови, препорачува Европската комисија (ЕК) во анализата на економската ситуација во Европската унија. Европската Комисија усвои пакет со препораки до своите земји-членки за буџетски мерки и економски реформи. Овие препораки имаат за цел да им помогнат на државите за надминување на кризата и стимулирање на растот. Препораките се специфични за секоја земја, а ги земаат во предвид специфичната ситуација и даваат насоки на секоја држава посебно како да се зголеми нивниот потенцијал за раст, конкурентноста и создавање на работни места во 2013-2014 година. Еве накратко што Европа и препорача на Бугарија: 1. Да се задржи стабилната буџетска позиција. Да се воведе сеопфатна даночна стратегија со цел да се зголемат приходите, особено преку подобрување на наплатата на даноците, борба против сивата економија и намалување на трошоците за исполнување на барањата. Државата да создаде независна институција која ќе ги следи буџетската политика и да подготви анализи и совети. 2. Да се отстранат постепено можностите за предвремено пензионирање, да се воведе истата законска подлога за пензионирање за мажите и за жените и државата да почне да спроведува активни политики за вработување, кои меѓу другото ќе дозволат на постарите вработени да останат подолго на пазарот на трудот. 3. Бугарија треба да ја забрза националната Иницијатива за младинско вработување, како на пример преку носење на т.н. Гаранции за младите. Да ја реформира Агенцијата за вработување со цел таа да обезбеди ефикасни консултации за лицата кои бараат работа и да го развие капацитетот за предвидување на потребите од кадри, но и за задоволување на потребите од квалификации. 4. Да го прифати Законот за училишното образование и да продолжи реформата во високото образование, особено во насока на усогласување кон она што го бара пазарот на трудот. Да го подобри пристапот до поинтегрирано образование за децата во неповолна положба, особено Ромите. Да обезбеди ефективен пристап до здравствена заштита и да ги подобри цените на здравствените услуги. 5. Една од забелешките кон Бугарија е потребата да се намали бирократијата, но и да воведе стратегија за електронско управување во секторите. Да го подобри квалитетот и независноста на судскиот систем и да се бори успешно против корупцијата. 6. Да ја забрза апсорпцијата на фондовите на ЕУ. Да обезбеди правилно спроведување на законодавството при јавни набавки.Од ЕК посочуваат дека од 2007 година досега реално се апсорбираат околу 30 отсто од европските фондови, а ефикасно искористување на овој ресурс за реализацијата на квалитетни проекти е важно за стабилноста на јавните инвестиции. 7. Да се зајакне независноста на националните регулаторни органи и административниот капацитет, особено во енергетиката и транспортот, како и во управувањето со водите и отпадот. Да се отстранат пречките за влез на пазарот, квотите, територијалните ограничувања и регулираните цени,  но и да создаде транспарентен пазар на влез на електрична енергија и природен гас.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии