28 Септември, 2024
0.0233

Европа во паника – тутунската мафија го ништи легалниот пазар!

Објавено во: Анализа 25 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Најголем удел илегални цигари и тутун на пазарот во Европската унија (ЕУ) во 2013 година имало во Летонија (28,8%), Литванија (27,1%), Ирска (21,1%), Естонија (18,6%) и Бугарија (18,2%). Една од секои 10 цигари, испушени во ЕУ во 2013 година, била илегална. 33% од нелегалните цигари биле од типот "illicit whites" - брендови кои немаат легална регистрација за соодветниот национален пазар и се произведени исклучиво со цел да бидат нелегално продадени. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на консултантската компанија KPMG нарачано од British American Tobacco, Imperial Tobacco, Japan Tobacco International, Philip Morris International и Japan Tobacco International. KPMG утврдиле дека потрошувачката на илегални марки цигари се зголемила за 15% во однос на 2012 година. Генерално илегалната трговија со цигари во ЕУ останува на стабилни нивоа бележејки благ пад од рекордно високите 11,1% во 2012 година до 10,5% во 2013 година. Ова се должи на значителениот пад во цигарите, кои се законски произведени, но илегално префрлени од земји со пониски вредности на акцизата кон земји со повисока акциза. Индустријата, владите и агенциите ги зголемија напорите за да го ограничат овој тип нелегална активност, е заклучокот на KPMG. "Последната студија за пазарот на незаконски тутун покажува дека има позитивни вести за намалена трговија со нелегално пренесени од една во друга земја производи како целина во ЕУ, но другите трендови се алармантни и меѓу нив е зголемената потрошувачка на илегални марки од типот "illicit whites". Извештајот ни дава сигнал и за некои земји каде што се консумираат големи количини нелегален тутун ", коментира Робин Картрајт, партнер во KPMG. Најголемо вкупно количество нелегално цигари се испуши во Германија и Франција - односно 11,3 милијарди и 9,6 милијарди, како и во Полска и Грција, каде што цигарите од типот "illicit whites" претставуваат 9,1% и 12,2% од обемот на пазарот. Еве некои од другите главни заклучоци: Вкупно 58,6 милијарди илегални цигари се испушени во ЕУ. Тоа е еквивалентно на вкупниот обем на пазарот во земјите Шпанија и Португалија, земени заедно, и претставува изгубени приходи во износ од вкупно 10,9 милијарди евра. Уделот на шверцувани цигари - оние во кои не се вклучуваат фалсификатите и цигари тип "illicit whites", паѓа значително со 26,7% до 35,6 милијарди. Илегалните цигари "Illicit whites" достигна рекордно високо волумен од 19,6 милијарди цигари, тргна од практично нула вредности во 2006 година Најголеми количини на "illicit whites" нелегални цигари се измерени во 2013 година во Полска (4 милијарди), Грција (2,8 милијарди ), Шпанија (2,5 милијарди), Бугарија (1, 6 милијарди) и Германија (1,4 милијарди). Покрај општиот пад на нелегалниот пазар во 2013 година црниот пазар на тутун останува сериозен генератор на загуби за владите и сериозна конкуренција за легалните производители и трговци. Оваа нелегална активност не само што ги има своите финансиски последици, но и ја потхранува криминалната активност во локалните заедници, дополнуваат од KPMG. К.К.