19 Декември, 2025
0.0541

Европарламентот одобри 100 милиони евра итна помош за бегалците во ЕУ

Објавено во: Економија, Свет 13 Април, 2016 15:38

Добивај вести на Viber

Европските пратеници дадоа зелено светло на итно финансирање поврзано со бегалците во Европската унија, соопштуваат од прес-центарот на Европскиот парламент.

Со 584 гласа "за", 64 "против" и 33 "воздржани", Европскиот парламент даде зелено светло за првата транша од 100 милиони евра, дел од новиот итен фонд во ЕУ.

Фондот беше предложен од ЕК во почетокот на март и преку него во следните три години ќе бидат распределени вкупно 700 милиони евра. Средствата треба да бидат потрошени за храна, итно здравство, сместување, хигиенски материјали и за едукација на мигрантите.

Итната помош ќе се обезбедува во тесна координација со земјите членки и организации, како агенциите на ОН, невладини организации и меѓународни организации.

Со дополнително решение ЕП одобри и дополнителни 2 милиони евра, кои треба да се користат за именување на дополнителни вработени за агенцијата за борба против тероризмот на Европол, која беше создадена од почетокот на оваа година.

Пратениците го поздравија формирањето на новиот фонд, преку кој ќе бидат покриени итни трошоци кои произлегуваат од катастрофи и кризи.

Очекувањата се дека најголемиот дел од средствата за новиот механизам ќе бидат насочени кон земјите кои се на „фронтот“ линија на бегалците.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар