Европејците штедат на пиво, Хајнекен со раст во остатокот од светот
Објавено во: Стил
24 Октомври, 2012 20:47
Добивај вести на Viber
Холандската пивара Хајнекен објави скок од скоро 10 процентиво во нето добивката во третиот квартал, 577 милиони евра, поради зголемениот апетит за пиво во светот, со исклучок на Западна Европа. Продажбата во Европа ја уништија мерките за штедење, стои во соопштението на компанијата.
Приходот достигна до 4.97 милијарди евра, што е 7,1 процент повеќе отколку во истиот период минатата година. Во регионот Азија и Пацификот, побарувачката за Хајнекен пиво е зголемена за 4,8 отсто, во Северна и Јужна Америка за 4,4 отсто, а во Африка и на Блискиот Исток за 3,5 отсто.
Во Западна Европа, побарувачката за пиво падна 2,1 отсто. Најголемиот пад е забележан во Португалија. Хајнекен е меѓу првите пет производители на пиво во светот. Основана e во 19 век, а произведува и продава повеќе од 200 видови на пиво и ликер, вклучувајќи ги овде Хајнекен и Амстел.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: