14 Мај, 2024
0.0257

Европратениците поставија услови за излезот на Велика Британија од ЕУ

Објавено во: Свет 29 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателскиот совет на ЕП го одобри предлогот за резолуција, изготвен од лидерите на четири политички групи и Комисијата за уставни прашања. 

Во резолуцијата тие ги посочуваат нивните услови за одобрување на договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Проектот за резолуција ќе биде ставен на расправа и гласање во пленарна сала следната среда, соопштија од информативното биро на Европскиот парламент. Нацртот придава големо значење на правичниот однос кон граѓаните на 27-те земји членки и се нагласува потребата од реципроцитет и недискриминација кон граѓаните на Обединетото Кралство, кои живеат во ЕУ, и оние на другите земји членки, кои се наоѓаат во Велика Британија.

Континуирани заложби 

Велика Британија ќе ги задржи правата на земја членка до конечното напуштање на Унијата, но истовремено треба да продолжи да ги исполнува своите обврски како таква, произлегува од договорите за ЕУ, вклучувајќи ги и финансиските обврски по долгорочниот буџет на ЕУ, дури и кога тие продолжуваат по нејзиното повлекување. Ова исто така значи дека Велика Британија треба да продолжи до заминувањето да се сообразува со четирите слободи, јурисдикцијата на Судот на ЕУ, вкупните придонеси кон буџетот на Унијата и да се придржува кон заедничката трговска политика на ЕУ. Членовите на ЕП нагласија дека е важно да се обрне внимание на прашањето за границата меѓу Ирска и Северна Ирска. „Еден искрен Брегзит е апсолутно обврзувачки и е предуслов за секое евентуално идно партнерство меѓу ЕУ и Велика Британија. Тоа не е предмет на договарање. Привилегиите од членството во ЕУ доаѓаат со одговорности и овие одговорности го вклучуваат гарантирањето на четирите слободи. Четирите слободи се јадрото што не држи сплотени, и тие се неделиви“, изјавил Антонио Тајани, претседател на Европскиот парламент.

Искрена соработка 

Политичките групи и Комисијата за уставни прашања истакнаа дека не би било праведно ако Велика Британија започне преговори за потенцијални трговски договори со трети земји пред да ја напуштила ЕУ. Тие очекуваат искрена соработка од страна на Велика Британија за прашања кои се однесуваат на законодавството на ЕУ и во други сфери до моментот на напуштање на Унијата. Билатералните договори меѓу Велика Британија и една или неколку од останатите земји членки, на пример во однос на базираните финансиски институции во Велика Британија, ќе бидат во спротивност со договорите за ЕУ.

Без подобар статус надвор од ЕУ од овој внатре 

Членовите на Собранието се категорични дека придобивките од членството во ЕУ не можат да бидат исти за земја која го напушта. Идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија би можеле сепак да бидат во форма на договор за асоцијација. Ова се споменува во предлогот, овластен од Манфред Вебер од ЕПП, Џани Питела од С & Д, Ги Верхофстад од АЛДЕ и Филип Ламберт и Ска Келер од Зелените, како и од претседателот на Комисијата за уставни прашања Данута Хубнер. Таков договор ќе бара Велика Британија да продолжи почитување на европските стандарди во областа на животната средина, климатските промени, борбата против затајување на данок, лојална конкуренција, трговијата и социјална политика.

Преодни аранжмани

Членовите на ЕП се согласија дека е можно да се започне работа на преодни аранжмани врз основа на можните идни односи меѓу Велика Британија и ЕУ, но само ако е постигнат напредок во договорот за напуштање. Идниот договор би можел да биде финализиран, само и единствено по конечното напуштање на Велика Британија, а преодна спогодба не би можела да биде валидна повеќе од три години.

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама