19 Декември, 2025
0.0424

Европратениците бараат флексибилен Буџет:Не смее да се жртвува иднината на ЕУ

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2013 11:20

Добивај вести на Viber

Лидерите на земјите -членки на ЕУ да не ја користат економската криза како причина да ја осудат ЕУ на штедење до 2020 година. Ова е главниот заклучок од дебатата која се водеше во Стразбур за буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 година. Европратениците пред денешниот самит на ЕУ во Брисел испратија јасна порака од Стразбур: Шефовите на државите и владите треба да донесат доволно флексибилен буџет за да се соочи со непредвидените настани, со доволно средства за да се остварат ветувањата и тој треба да биде финансиран од нови извори. Притоа, европратениците потстетија дека долгорочниот буџет на ЕУ не може да биде утврден без согласност на Европскиот парламент. Повеќе европратеници ги критикуваа владите на земјите членки на ЕУ поради нивните обиди да се намали буџетот на ЕУ и Комисијата без притоа да се грижат за последиците од тоа. „Сите намалувања се прават на штета на новаторството, на одржливиот развојм на зголемувањето на научните испитувања и борбата против невработеноста на младите. Тоа е она што боли. Дали тоа е одговорно: Дали тоа може да се оправда? – се запраша Ребека Хармс од името на групата на Зелените. Долгорочниот буџет на ЕУ, попознат како повеќегодишна финансиска рамка или финасиски перспективи, ги утврдува границите на трошоците на ЕУ по година и по рубрика, за целиот буџетски период. Кога ЕПарламентот и земјите членки се согласни за годишните буџети, тие трреба да ја почитуваат рамката на повеќегодишниот буџет. Повеќе европратеници потстетија дека економската криза не треба да ја спречи ЕУ да усвои поамбициозни буџети, откако ќе биде надмината кризата. „Ние никогаш не треба да прифатиме буџет на штедење за седум години. Ако ние го направиме тоа, тоа значи дека прифаќаме дека кризата продолжува на неограничен рок. Ние не сме толку песимисти“,  порача претседателот на групата на Народните партии, Жозеп Дол. Многумина европратеници побараа поголема флексибилност, што значи дека може да се пренесуваат средства од буџетот од една во друга година или од една ставка во друга, како и можност за промена на буџетот на половина од седумгодишниот период.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ