Европски роаминг за Македонија, Србија и Црна Гора
Објавено во: Економија 03 Јули, 2013 14:30
Граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора да имаат исти цени за користење роаминг услуги кога патуваат во земјите-членки на ЕУ. Тоа го побараа денеска ресорните министри на трите држави Иво Ивановски, Расим Љајиќ и Вуица Лазовиќ преку потпишување заедничко писмо до Европската комисија и Дирекцијата за комуникациски мрежи.
„Постојано ги исполнуваме директивите и барањата на Европската унија и редно време е Унијата да ги испочитува нашите барања“, истакна по потпишувањето на документот во Скопје македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Следен чекор, појасни, е од страна на европските институции да се изврши измена на регулативата и да се воспостават нови правила за операторите за да може да се користат евтините роаминг-тарифи на ЕУ.
Според српскиот министер за надворешна и внатрешна трговја и телекомуникации, треба да се биде реален дека до реализација на иницијативата сепак ќе помине одредено време. Но, нам ни останува тој пат да го скратиме и максималано да ги забрзаме чекорите до целосна реализација.
Според договореното, министрите од трите држави веќе во септември ќе имаат состанок во Црна Гора каде ќе потпишат меморандум за соработка во телекомуникациите.
Македонските граѓани, како што презентира министерот Ивановски, плаќаат седум пати повисоки цени за појдовни повици во роаминг во ЕУ, осум пати повисоки за дојдовни и три до четири пати повеќе за користење 1 мегабајт интернет.
- Со тоа од Република Македонија во ЕУ на годишно ниво се одлеваат близу милион евра при патувањето на македонските граѓани. Пред неколку дена ЕУ ги намали роаминг цените за 36 проценти и бараме и нашите граѓани да можат да ги користат истите услуги што ги имаат и граѓаните на ЕУ, посочи Ивановски.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




