23 Јуни, 2024
0.0235

Европскиот парламент ја засилува битката против перење пари

Објавено во: Анализа 12 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Имињата на крајните сопственици на компании и фондови ќе треба да бидат објавени во јавните книги во земјите од ЕУ. Тоа го предвидуваат усвоените од Европскиот парламент правила за борба против перењето пари. Законот бара од банките, ревизорите, адвокатите, вработените во сферата на недвижностите и казината да бидат повнимателни за сомнителни трансакции на нивните клиенти. Целта на законските измени е дополнително да се отежни затајувањето на сомнителни трансакции и да се подобри борбата против даночните измами, соопштуваат од Европскиот парламент. "Јавниот регистар ќе го направи животот тежок за криминалците, кои се обидуваат да ги сокријат парите. Нашата економија во моментов губи огромни суми од даночно затајување ", изјави известувачот за Комисијата за граѓански слободи Џудит Саргентини. Очекува промените да стават крај на тајната на сопственоста и во офшор зони. ЈАВЕН РЕГИСТАР Согласно усвоените на првото читање промени во директивата за борбата против перењето на пари, информациите за крајните сопственици на правни субјекти како компании, фондации, холдинзи и трустови ќе треба да се објавува во јавните централни регистри. Регистрите треба да бидат меѓусебно поврзани и да бидат "јавно достапни по претходна онлајн регистрација", сметаат европратениците. Европскиот парламент додаде и неколку нови одредби во директивата, за да се заштити приватноста на граѓаните и да се осигура дека само минимално потребните за регистрација информации ќе бидат објавени. Кој ќе ги следи сомнителните трансакции? Предложените правила бараат од банките, финансиските институции, ревизорите, адвокатите, сметководителите, даночни консултанти, агенти за недвижности и казината да бидат повнимателни за сомнителни трансакции на нивните клиенти. Казината се исто така вклучени во опсегот на измените, со пто земјите од ЕУ ќе можат да проценат дали да се вклучат во опсегот на правилата други игри на среќа со низок степен на јавна опасност. Промените во директивата имаат за цел да ги намалат ризиците од перење пари и финансирање на тероризмот. Пратениците усвоија и промени во регулативата за трансфер на финансиски средства, со цел подобрување на прекуграничното следење на обврзници и примачите на средства и нивните средства. Правила за политички најзначајните лица Правилата за "политички најзначајните лица", односно за луѓето, кај кои ризикот од корупција е повисок заради политичките позиции кои тие ги заземаат, се дополнети со "локалните политички значајни лица". Пример за тоа се луѓето кои заземаат или се окупирани со важен отсек во државата - државните лидери, членовите на Владата, врховните судии и членовите на националните парламенти. Во случаи на деловни односи со висок ризик, при такви лица ќе се преземат дополнителни активности како воспоставување на потеклото на средствата со кои тие работат и имаат.  Проектот е усвоен на прво читање од Европскиот парламент. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите