20 Декември, 2025
0.0580

Европскиот парламент – петтиот елемент во грчката програма?

Објавено во: Балкан 20 Август, 2015 12:53

Добивај вести на Viber

Европскиот парламент може да биде уште една институција посветена на третата спасувачка програма за Грција, коментираат грчките медиуми.

Вчера премиерот Алексис Ципрас испратил писмо до претседателот на институцијата Мартин Шулц со барање за натамошни мерки побарани од кредиторите, да се дискутира и во Европскиот парламент, а не „зад затворените врати на Еврогрупата“.

Ако тоа биде прифатено, ќе има суштински промени во однос на спасувачките планови за Грција. Досега тие се прифатени од министрите за финансии на еврозоната, а како што сметаат од Владата на „СИРИЗА“ - често без коментари и дискусии од страна на грчките власти.

Според Ципрас дискусијата во парламентот ќе ја подобри транспарентноста и ќе се врати демократијата. Шулц ветил дека ќе разговара за ова барање со лидерите на политичките партии во ЕП веднаш по завршувањето на летниот одмор, соопшти грчката телевизија „Skai“.

Во моментов четири институции се ангажирани со спасувањето на економијата на Грција - Европската комисија, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европскиот стабилизацонен фонд.

Во меѓувреме, во Грција се појавија повеќенасочни сигнали во врска со иднината на кабинетот на Алексис Ципрас. Синоќа третата програма беше конечно одобрена и денес Атина ја очекува првата транша од неа, со кој треба да ги плати обврските кон ЕЦБ. Рано утринава тоа веќе е факт и сега на потег се мерките кои премиерот ќе превземе за своето политичко преживување.

Во претходните изјави Ципрас коментираше дека ќе почека со плаќањето кон централната банка да биде направено, а потоа ќе даде изјава за следните чекори. Премиерот сепак нема официјална изјава од минатиот петок, кога грчкиот парламент го одобри договорот со доверителите.

Коментарите досега беа дека порака ќе има најрано до идната недела. Сега сепак се зголемуваат очекувањата дека Ципрас денеска ќе поднесе оставка на кабинетот и без повеќе одложувања и процедури по барање на гласање за доверба Грција ќе оди на избори уште во септември. Гласините за тоа беа разгорени од средба на премиерот со министерот за внатрешни работи, што се одржала во средата, пишува „Катимерини“.

Пред неколку дена пак ставовите беа дека Алексис Ципрас ќе ги одложи изборите, за да прифати голем број важни закони за време на летните сесии со избраните пратеници.

Вчера беше јасно уште и дека пукнатините во „СИРИЗА“ едвај ќе бидат затнати - претставниците на Левичарското крило во коалицијата биле категорични дека ќе ја соборат поддршката од кабинетот и нема да го поддржат ако има евентуално гласање за доверба, иритирани од почетокот на приватизацијата во земјата.

Експресни избори сепак се во нивна штета, бидејќи времето ќе биде кратко, за да се подготват за гласови. Веќе има коментари дека Владата бара извинување за нивните активности, за да пристапи кон експресни избори. Европскиот пратеник на „СИРИЗА“ Димитрис Пападимулис пак коментирал дека оценката на расцепот во коалицијата ќе биде дадена на изборите.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација