05 Декември, 2025
0.0434

Европските автомобили трошат најмногу пари?

Објавено во: Анализа 02 Октомври, 2014 09:25

Добивај вести на Viber

Возилата на патиштата на Европа одделуваат околу 38% повеќе штетни CO2 емисии од ветеното, покажува истражувањето спроведено минатата година. Бидејќи штетните емисии се врзани за потрошувачката на гориво, тоа несовпаѓање меѓу официјалните карактеристики на автомобилите и реалните вредности ги казнува како потрошувачите, така и животната средина. Повисоките емисии на штетни гасови и респективно повисоката потрошувачка на гориво ги оштетиле сопствениците на автомобили во просек по 450 евра во 2013 година, се наведува во извештајот на Меѓународниот совет за чист транспорт. "Има голема празнина меѓу лабораториските резултати на даден автомобил и она што тој го демонстрира на патот", се вели во информацијата. Причините за ова се неколку - најтешките за постигнување цели, лошо дефинираните стандарди, како и недоволно ефикасни технологии. Неусогласеноста помеѓу официјалните податоци за возилото и реалните показатели не е нешто ново. Во 2001 година, сепак разликата била само 8%, повторно на штета на клиентот и животната средина. "Зголемувањето на несовпаѓање не само што го бразни џебот на корисникот, но и го усложнува до голема степен воведувањето на построги барања. Во последните 10 години еколошките стандарди стануваат сè посилни, но како што изгледа почитувањето им е претежно на хартија" , тврдат експертите. Потсетуваме дека од 2021 година во Европа ќе влезат во сила уште построги стандарди. Тие предвидуваат продаваните од одредена компанија автомобили да имаат средни нивоа на CO2 од не повеќе од 95 g / km. Во моментов показателот е околу 130 г / км. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени