Европското производство падна на три месечно дно
Објавено во: Анализа
13 Април, 2014 09:34
Добивај вести на Viber
По релативно позитивниот почеток на годината европското производство ги изгуби позициите во март во споредба со претходниот месец, соопштува WBP Online. Конечните податоци на Markit Economics се покажаа како во согласност со претходните проценки, така и со очекувањата на пазарот.
Секторскиот PMI индекс за еврозоната се намали до 53 поени во третиот месец од годината во споредба со остварените во февруари 53,2 поени. Предвремената евалуација исто забележа ниво од 53 поени.
Секое ниво над 50 поени сигнализира за експанзија во секторот .
Коментирајќи го извештајот, главниот економист во Markit Крис Вилијамсон посочи дека "и покрај благото намалување во март производниот сектор во еврозоната продолжува да се насладува на најдоброто претставување од почетокот на 2011 година. Стапката на раст останува охрабрувачка стабилна, истражувањето покажува дека производството е зголемено за околу 1 % во првиот квартал . Тоа значи дека овој сектор е на пат да обезбеди значителен поттик на економијата во првите три месеци на годината ".
Меѓу најдобро претставени земји од монетарната унија биле Шпанија (47 - месечен врв ) , Ирска (35- месечен врв ) , Франција (33 - месечен врв ) и Италија ( 2 - месечен врв ) .
"Гледајќи напред, се надевам дека комбинацијата од фактори ќе даде можност економскиот раст во еврозоната постепено да се покачи во наредните месеци. Намалувањето на фискалниот притисок, предвидливата монетарна политика и драстичното намалување на тензиите околу државните долгови се во поддршка на растот на позадината на подобрувањето и на глобалниот ", истакна од своја страна Хауард Арчер од IHS Economics по претставувањето на податоците.
По објавувањето на извештајот на Markit еврото заработува позиции во однос на американскиот долар во водечката валута пар во светот.

К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени