18 Декември, 2025
0.0580

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2025 13:26

Добивај вести на Viber

Во време кога екологијата сè уште често се сведува на декларативни заложби и празни фрази, Милијана Богданоска ја живее поинаку – тивко, доследно и со личен пример. Правник за животна средина во Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, таа не ја доживува својата професија како работно време, туку како начин на размислување и секојдневна одговорност.

Од европските искуства со еколошкото право, до малите навики дома и големите пораки испратени преку настани како „Еко-трампата“, Милијана зборува за екологијата низ човечки приказни, емоции и реални промени што започнуваат од поединецот. Во разговорот што следува, таа открива зошто малите чекори значат многу, како заедницата реагира кога ќе ѝ се понуди искрена иницијатива, и зошто активизмот не е жртва, туку пат кон лична и општествена исполнетост.

ЖМ: Кога првпат сфативте дека екологијата не е само професија, туку начин на живот?

-  Дека ова е начин на живот и начин на размислување, а не само професија го согледувам секојдневно од денот кога започнав да се занимавам со оваа професија. Колку повеќе учам и навлегувам во тематиката сѐ повеќе самата се преиспитувам за моите постапки и навики кои и не биле баш одржливи а несвесно сум ги правела. Така, пробувам да ги сменам и прилагодам на моето секојдневие. Секако во крајна линија, нормално е нештото кое што го зборувате да бидете и самите пример за истото.


ЖМ: Кој момент во животот ве натера да изберете кариера како „еколошки правник“, професија која звучи ретка, но и многу моќна?

- Во Сплит, Хрватска имав можност да завршам дел од моите мастер студии по право каде се запознав со постоењето на една од водечките невладини организации за животна средина во Хрватска – „Sunce“. Нивниот оддел за еколошко право ме привлече да аплицирам на едногодишен волонтерски ангажман кај нив. Искуството со нив и работата со европско законодавство од областа на животната средина беше пресудна да се определам за правецот на мојата кариера. За мене оваа професија има длабоко значење затоа што и секоја најмала победа во некоја еколошка област има директно влијание врз човековото здравје и благосостојба.

ЖМ: Што е првото нешто што го правите дома за да живеете поодржливо – нешто што не ви е обврска, туку навика што ја обожавате?

-  Одвојувам отпад колку е тоа можно иако свесна за начинот на не/управување со отпадот кај нас,  користам повеќекратни ќеси за пазарење, користам повеќекратно шише за пијалоци. Исто така го обожавам купувањето second hand облека.

ЖМ: На еко-трампата видовме премногу емоции во еден настан: смеа, возбуда, љубопитност… Кој момент вас лично најмногу ве допре?

- Беше навистина големо уживање да се набљудуваат сите учесници и нивните задоволни лица. Момент што најмногу ме допре беше една слика која ми се појавува често во мислите. Тоа беше повозрасен брачен пар кој дојде на почетокот и седеше до самиот крај. Цели три часа пиејќи го своето кафе сопругата го чекаше својот сопруг да и донесе нешто од новоизложените парчиња, да ја праша за мислење дали и се допаѓа, и потоа да го врати. Тоа беше дејствие кое се повторуваше. Покрај сите учесници, тој момент ми остана врежан затоа што знам дека бабата и дедото имаа момент не само за размена на предмети туку и меѓусебна размена на љубов и разбирање.

ЖМ: Што ве најмногу изненади од луѓето што дојдоа? Генерации? Енергија? Предмети?

- Искрено ме изненади бројката на луѓето кои дојдоа како учесници но и генерацискиот јаз меѓу нив. Навистина имаше учесници 6 до 66 години. Но, пријатно изненадување беше спремноста и иницијативноста за размена без предрасуди. Среќна сум што добивме многу комплименти  и поддршка за продолжување на иницијативата „Еко-трампа“.

Целото интервју прочитајте го на Женски Магазин.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив