18 Декември, 2025
0.0600

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2025 11:52

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи поднесе нова кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ против поранешниот градоначалник на Струмица, а овој пат кривичната опфаќа и двајца вработени во општината.

Како што соопштуваат СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против К.К.(35) и Б.Ш.(64), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.Г.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

- Пријавената И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при општина Струмица, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за даноците на имот, во четири наврати ги пречекорила своите овластувања со тоа што изготвила решенија за даночно ослободување од данокот на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1. 

Ваквото ослободување од плаќање било направено повикувајќи се на член 25 од Законот за даноците на имот, меѓутоа одредбите за таквото даночно ослободување се однесувале само за станбени згради и станови кои согласно класата на намени се со номенклатура А2.1, но не и за станбени куќи со номенклатура А1.1, за кои и биле изготвени решенијата. Исто така, И.Г. во три од четирите решенија, во отсуство на пријавениот Б.Ш., се потпишала и во полето Потврдил-контролирал.

Пријавениот Б.Ш., во својство на Раководител на Секторот за финансиски прашања при општина Струмица и пријавениот К.К., во својство на градоначалник на општина Струмица, постапиле несовесно при вршењето на своите службени овластувања и пропуштиле должен надзор при постапувањето по тие предмети и ги потпишале изготвените решенија за даночно ослободување изготвени од И.Г.. Со ваквите дејствија пријавените лица го оштетиле буџетот на општина Струмица за износ од 668.388 денари - се појаснува во објавата на МВР.


Ова не е прва кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој преку социјалните мрежи по првата пријава објави дека им стои на располагање на службите.


Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?