„Евростат“: Бугарите се најнезадоволни од животот во Европа!
Објавено во: Анализа 20 Март, 2015 19:54
Бугарите биле најмалку задоволни од животот во 2013 година во Европа покажуваат истражувањата на „Евростат“ во врска со Светскиот ден на среќата, кој се одбележува денеска.
При направената анкета од европската статистичка служба било зададено следново прашање: „Колку сте задоволни од вашиот живот во последните денови?“.
Скалата на оценување е од 0 („не сум задоволен“) до 10 („целосно сум задоволен“). За речиси 80% од Европејците просечната оценка е 6 и нагоре.
Најзадоволни од животот се во Данска, Финска и Шведска, каде оценката е во просек 8,0.
Бугарите се најнезадоволни од животот - во просек 4,8 оценка. До Бугарија се Грција, Кипар, Унгарија и Португалија (6,2).
Според возрасни групи во Бугарија оценките се следниве: помеѓу 16 и 24 години - 5,8; меѓу 25 и 34 - 5,4; меѓу 35 и 49 - 4,9; меѓу 50 и 64 - 4,6; меѓу 65 и 74 - 4,3 и над 75 година - 3,8.
Здравствената состојба се наведува како главен фактор за задоволството во животот, а потоа се финансиската ситуација, работното место и социјалните односи.
Младите граѓани на ЕУ изгледа се најзадоволни од својот живот - 7,6 / 10 меѓу 16-24-годишниците.
Македонија не се најде на оваа листа, како и Црна Гора и БиХ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени






