22 Ноември, 2024
0.0260

ЕВРОСТАТ го преброја добитокот во ЕУ, Шпанија и Франција со најголема популација

Објавено во: Агробизнис 17 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Европска унија преку „Евростат“ објави дека на крајот од 2021 година, поточно во месец декември била избројна значителна популација на добиток меѓу земјите членки. Согласно податоците кои ги објави „Евростат“, во декември 2021 година во ЕУ имало 142 милиони свињи, 76 милиони говеда, 60 милиони овци и 11 милиони кози. Но, како што наведува европската статистичка институција, најголем дел од добитокот во Европа се огледува во неколку земји.

-  Поголемиот дел од добитокот на ЕУ се одгледува во само неколку земји-членки на ЕУ. Општо земено, поголемите земји-членки одгледувале најмногу добиток. Во Шпанија се одгледува 24 отсто од свињите во ЕУ, додека 9 отсто од говедата во ЕУ, 25 отсто од овците во ЕУ и 23 отсто од козите во ЕУ – се наведува во соопштението на „Евростат“.

Со висок процент на добиток може да се пофали и Франција, каде биле одгледани 9 проценти од вкупниот број на свињи во ЕУ, потоа 23 проценти од говедата во унијата, 12 отсто од овците во ЕУ и 12 проценти од козите во ЕУ. Германија исто така има солидно учество во вкупните бројки, и во оваа земја биле одгледани 17 проценти од свињите во ЕУ, 15 отсто од говедата, 3 проценти од овците и 1 отсто од козите.

-  Имаше и други земји-членки кои беа релативно специјализирани. Данска сочинува 9 отсто од популацијата на свињи во ЕУ, а Холандија осум. Ирска сочинува 9 проценти од популацијата на говеда во ЕУ. Романија сочинува 17 отсто од популацијата на овци во ЕУ. Во Грција се одгледуваат најголем број од козите, и тамошната популација на кози опфаќа 25 отсто од популацијата на кози во ЕУ – пишува во соопштението на „Евростат“.

Во соопштението исто така се истакнува дека популацијата на добиток во ЕУ во текот на времето варира. „Помеѓу 2010 и 2021 година, имаше флуктуации во популацијата на четирите главни видови добиток. Популацијата на свињи во ЕУ достигна речиси 146 милиони во 2020 година пред повторно да се намали. Сепак, во 2021 година, бројот на свињи сè уште беше 2 отсто поголем отколку во 2010 година“.

Фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку