Еврото претрпе загуби по нападите во Брисел-а како реагираше нафтата?
Објавено во: Економија 23 Март, 2016 15:55
Вчерашната трговија помина во знакот на терористичките напади во Брисел. Доларот успеа да поскапи во однос на повеќето од главните валути. Најмногу настрадаа еврото и фунтата. Британската валута падна за над 1,2 отсто поради шпекулациите дека терористичките напади би влијаеле врз референдумот за излез на земјата од ЕУ, кој ќе се одржи во јуни.
Политичарите кои го поддржуваат излегувањето на земјата од ЕУ велат дека постојаниот прилив на мигранти ја прави Британија подложена на напади.
Кај еврото падот беше помал. Единствената валута падна за 0,33 отсто, достигнувајќи 1.1217.
Стоковните валути ја завршија трговијата со покачување, под влијание на поскапувањето на нафтата од типот „Брент“. Канадскиот долар се зголеми за 0.11 отсто до 1.3047. Австралискиот долар пак се зголеми благо до 0.7620.
Доларскиот индекс забележа претставување на американската валута во однос на кошницата од шест главни валути зголемувајќи се за 0,40% до 95.65 поени.
Камати
Приносот по 10- годишните европски обврзници се намали за 1 до 2 базични поени, со исклучок на Грција. Нејзините хартии од вредност завршија со зголемување од 7 базични поени до 8.53%. Објавени податоци од централната банка на Грција покажуваат значително влошување на дефицитот на тековната сметка до 742 милиони евра на крајот од јануари 2016 во однос на 461 милиони година порано. Приносот кај 10- годишните американски обврзници се зголеми за 3 базични поени, достигнувајќи 1.94.
Суровини
Златото поскапе со 0,4 отсто за време на вчерашната трговија, под влијание на настаните во Брисел. Благородниот метал се тргуваше на ниво од 1248 долари за унца. Останатите благородни метали исто завршија на позитивна територија. Среброто се покачи до 15.80 долари, а платината поскапе со 1,5%, достигнувајќи 992 долари за унца. Кај бакарот трговијата беше мирна.
Нафтата прва реагираше на терористичките напади, што доведе до нејзино намалување. На крајот на денот црното злато успеа да поврати дел од загубите. Сортата Брент заврши со раст од 1% до 41.80 долари за барел.
Пазари на капитал
Европските акции започнаа со пад, но успеаја да ги обноват загубите и затворија на зелена територија. Хартиите од вредност на авиокомпаниите и хотелите сепак поевтинија по експлозиите во Брисел. Акциите на Air France-KLM Group, Ryanair Holdings како и хотелскиот оператор Accor се намалија за над 3,3%. Во САД водечкиот технолошки индекс Nasdaq се зголеми за 0,3%, додека Dow Jones и S & P 500 завршија со намалување односно од 0,2% и 0,1%.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




