05 Декември, 2025
0.0364

Еврото се искачи на највисоко ниво во последниве четири недели во однос на американскиот долар

Објавено во: Анализа 24 Јули, 2013 10:41

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви подготвивме анализа за валутниот пар EUR/USD.  Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти на овој валутен пар.

Фундаментална Анализа за EUR/USD:

Еврото во текот на азиското тргување дојде до мала корекција откако вчера се искачи на највисоко ниво во последниве четири недели во однос на американскиот долар. Во текот на вчерашниот ден растот на валутниот пар EUR / USD е сеуште поддржани од страна на слабеењето на американскиот долар, што се случи по објавувањето на разочарувачки податоци од пазарот на недвижности во Америка. Во Европа објавени се оптимистички проценки за иден раст на економиите на Франција и Шпанија. Францускиот министер за финансии смета дека оваа земја е дефинитивно надвор од рецесија и се очекува раст на БДП од 0,2% во вториот квартал. Додека станува збор за Шпанија, иако се очекува да остане во рецесија се очекува помал пад на БДП од порано. За време на азиското тргување на еврото падна 0,24% во однос на доларот.

Техничка Анализа за EUR/USD:

На едночасовниот графикон, MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, а RSI не покажуваат јасен тренд. Цената не успеа да ја достигне горната Bollinger линија,  така да е можен раст на цената. Нашата препорака би била Куповна позиција.

Наше видување: Куповна  позиција со влез на 1.32000, со прва цел на 1.32250 и втора цел на 1.32550.

Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.31900, тогаш е можен понатамошен пад до 1.31550.

Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.

Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени