07 Октомври, 2024
0.0241

Еврозоната се подготвува за „Grexit“

Објавено во: Балкан, Економија 16 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Предвидените проблематични преговори со Грција и европските партнери се договориле да спроведат „итен план“ за Атина. Предвидено е кредиторите да и дадат последна шанса на Грците и да почекаат дали до крајот на неделата, министрите за финансии на земјите од еврозоната нема да се разберат со Владата во Атина за главните точки во тековната програма. Министрите ќе заседаваат во четврток и петок во Луксембург, пишува „Süddeutsche Zeitung“.

Ако оваа средба помине без договор, без повеќе одложувања ќе се свика посебен состанок на европските држави и влади во Брисел. Се смета дека тоа може да се случи во петокот вечерта. На неа повторно ќе се бара политичко решение. Францускиот претседател Франсоа Оланд предупредил во понеделникот дека има голема веројатност преговорите да пропаднат, бидејќи роковите се кратки. „Често велев - внимание, влегуваме во период кој е турбулентен, ако не се најде решение“, изјавил тој за време на посетата на авионскиот саем во Париз.

Планот има за цел да наметне „контрола над финансиските текови“ од Грција уште во текот на викендот, за да спречи истекување на капиталот. Слични ограничувања беа наметнати и во Кипар за време на финансиската криза од 2013 година и откажани беа целосно во март, потсетува германскиот весник кој не цитира извори.

Ако преговорите се со цел да ја спасат Грција од испаѓање во неликвидност, останат во ќорсокак, од следната недела грчките банки де факто ќе бидат затворени за неколку дена, за да бидат подготвени за ограничување на трансакциите. Тоа сепак ќе треба да биде одобрено и од грчкиот парламент. Како резултат може да бидат ограничени и повлекувања на пари од банкомати, како и електронските плаќања, кои имаат врска со Грција.

Бидејќи слободниот трансфер на стока и пари е основен принцип на Европската унија, Владата во Атина ќе мора да прифати посебен закон, за да може да го контролира и ограничува капиталниот трансфер. Ако Атина се колеба да го стори тоа, како последна можност за земјите од еврозоната останува да ја изолираат земјата од платниот систем.

Во понеделникот гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјавил во Европскиот парламент дека засега банката нема да ја запре помошта за грчките банки. Ликвидноста за поддршка ќе продолжи се додека банките плаќаат. Но, тој додаде дека ситуацијата е во развој. „Затоа ние треба да ја следиме ситуацијата одблизу“.

Во средата има седница на одборот на ЕЦБ. Централните банкари треба да одлучат дали ќе им обезбедат на грчките банки нови итни заеми. Ако ЕЦБ гласа против, тогаш банките може да ги ограничат плаќањата што може да ја зголеми желбата на владата во Атина сепак да го прифати изменетиот план за спас. Поврзани со него се и 19 милијарди евра.

Преговорите меѓу Атина, од една страна, и нејзините меѓународни кредитори ЕУ и ММФ, од друга, во текот на викендот не дадоа резултат. Дискусиите ќе продолжат во Еврогрупата, чие следно рочиште е закажано за в четврток во Луксембург.

Во понеделник сепак Грција и кредиторите зазедоа дополнителни позиции кои и без тоа се разминуваат значително. Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјавил во интервју за германскиот весник „Bild“ дека не планира да претстави нови предлози за реформи на седницата на Еврогрупата. Неопходно е такви предлози прво да се дискутираат и договорат на пониско ниво, посочил Варуфакис.

Грчкиот министер за финансии повторно ја повика германската канцеларка Ангела Меркел да и помогне на неговата земја „говор на надеж“ и да сигнализира дека Европа е подготвена да се откаже од своите барања за мерките за штедење. Германија доби таква надеж по крајот на Втората светска војна, истакнал тој.

Во меѓувреме, во понеделникот Грците поставија апсолутен рекорд за повлекување на пари од банкарските сметки, објави грчкиот електронски портал „Reporter“, цитиран од агенциите. До затворањето на банките во Грција од сметките биле повлечени околу 600 милиони евра. Тоа е 2,5 пати повеќе од износите повлечени во петокот. Изворите на порталот не можеле да го оценат износот што ќе биде повлечен од банкоматите по затворањето на банките.

Слична нервоза на штедачите се објаснува со неуспехот на преговорите на грчката влада со кредиторите, кои се одржаа на 13 и 14 јуни во Брисел.

Како што објавија во Еврокомисијата, во текот на преговорите бил постигнат одреден напредок, но тие биле неуспешни, бидејќи продолжува да се задржува важен расцеп меѓу предлозите на грчката влада и општите барања на ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за околу 2 милијарди евра буџетско штедење годишно, или околу 0,5-1 проценти од бруто домашниот производ.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути